Министерството за внатрешни работи распишува јавен оглас за прием на 600 полицајци.Како што се наведува во огласот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435.
По 20 извршители се потребни за полициските станици од општа надлежност во Битола, Охрид, Велес и Куманово, додека 25 во полициската станица во Гевгелија.
Во полициските станици во Струга и Дебар ќе бидат вработени 15 полицајци, 10 во Струмица и по пет извршители во полициските станици во Ресен, Тетово, Гостивар и Штип.
Избраните кандидати, соопштува денес МВР, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.
По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
За условите и доставувањето на потребната документација прочитајте на следниот ЛИНК Како што се наведува во огласот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435.
По 20 извршители се потребни з