четврток, 12 ноември 2026
Најново

МВР со детали за вооружениот инцидент во Мала Речица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за внатрешни работи информира дека на местото на вооружениот инцидент што вчера се случи во Мала Речица, при што е убиено едно лице, биле пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.МВР наведува дека вчера 18.20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од с.Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.
Приведени се четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.
МВР додава дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.МВР наведува дека вчера 18.20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од с.Белановце, општин

Поврзани вести