Јавен оглас:За прием на 11 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време со или без работно искуство од кои:-9 извршители со високо образование (факултет од областа на информатичкaтехнологии) и -2 извршители со завршено средно училиште од областа на (електротехниката, информатиката електрониката или телекомуникациите). 1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:-да е државјанин на Република Македонија,-да е полнолетен,-да е здравствено и психофизички способен за работа и-со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. 2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:-познавање на англиски јазик на работно ниво;-кандидатите кои имаат завршено средно образование при вработувањето ќе имаат предност доколку поседвуваат возачка дозвола за Б категорија.3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:-уверение за завршено високо образование односно диплома за завршено средно образование во која задолжително ќе биде содржан просекот од образованието.-уверение за државјанство,-извод од матична книга на родените,-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки-кратка биографија и мотивационо писмо.4.Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството меѓу кои:-одлични меѓучовечки вештини,-способност за тимска работа,-организациски вештини,-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови,-професионално однесување и позитивен однос кон работата..
Повеќе на news.vrabotuvanje.com.mkЗа прием на 11 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време со или без раб