МЗТ со победа над Работнички!

МЗТ Скопје Аеродром забележа победа над Работнички во вечното дерби кое се одигра во СЦ Јане Сандански.Во дуелот од 13.то коло на домашното кошаркарско првенство, актуелниот шампион успеа да слави со резултат 78-71. МЗТ Скопје многу лошо го стартуваше мечот, имаше негатива но сепак успеа да извади нерешен резултат по првите 10 минути.
Вториот период означи одлична игра и во нападот и во одбраната за кошаркарите на МЗТ Скопје кои на полувремето заминаа со плус 11 во своја корист. Третиот период донесе подобра игра на гостите од Градски Парк кои успеаа во целост да ја надоместат предноста на МЗТ Скопје, па во последните 10 минути се влезе со нерешен резултат 53-53.
Домаќините клучната разлика ја направија на стартот од последниот период, кога со серија од 11-3 успеаа да созадат предност која рутинирано ја задржаа до самиот финиш на средбата.Предраг Самарџиски беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 14 поени и 11 скока, а со двоцифрен број на постигнати поени беа уште и Урош Лучиќ и Марко Симоновски со по 14 и Александар Цветковиќ кој средбата ја заврши со 11 поени.
Во поразениот тим на Работнички Ѓорѓи Чековски постигна 19 поени, додека Тодор Гечевски беше стрелец на 15.Следниот настап на МЗТ Скопје Аеродром е полуфиналната пресметка од Купот на Македонија против КК Кожув од Гевгелија, која е закажана за сабота со почеток од 17:00 часот.Во дуелот од 13.то коло на домашното кошаркарско првенство, актуелниот шампион успеа да слави со резултат 78-71. МЗТ Скопје многу лошо го стартуваш

Пронајдете не на следниве мрежи: