Новоформираното јавно претпријатие „Водни стопанства на Македонија“, денеска во општина Чешиново Облешево одржа работна средба со градоначалниците од општините кои се снабдуваат со вода за наводнување на полињата од Хидромелиоративниот систем Брегалница, пренесува МИА.На средбата беа договорени потребните мерки за оспособување на главната и деталната каналска мрежа за навремен почеток на сезоната за наводнување. Како што истакна директорот Ромео Тренов, сите водокорисници во потсистемите на ХМС Брегалница на 15 април ќе добијат вода за наводнување.
– На средбата присуствуваа девет гадоначалници од подрачјето, кои ги изнесоа состојбите со наводнувањето во нивните општини. На терен веќе се две машини, а од наредната недела ќе биде ангажирана уште една за средување на каналската мрежа, за дабиде подготвена за испорака на водата. Целокупната механизација со која располага Водостопанство, како и механизација која ќе ја обезбедат општините ќе биде вклучена во пробивање на каналите за квалитетна дистрибуција на вода, истакна директорот Тренов.
Градоначалникот на Зрновци Блаже Станков укажа на потребата во претстојната сезона за наводнување да биде активиран левиот магистрален канал од ХМС Брегалница во атарот на општините Зрновци, Чешиново Облешево, Карбинци и Штип.
– Договоривме од понеделник работна група од нашето претпријатие, од општините од овој регионот, од подружницата на водостопанство Брегалница Кочани и водокорисници од Зрновци да бидат на терен и да ја утврдат проблематиката со левиот магистрален канал за да се стави во функција, истакна Тренов.
Што се однесува до акумулациите Калиманци, Гратче и Ратево тие се подготвени да ги акумулираат дојдовните води. Тренов истакна дека се чисти реката Брегалница кај Карбинци, како и бугарскиот канал кај Чешиново, а се следи состојбата со чистењето на каналската мрежа и во Струмичко и Пелагониско.На средбата беа договорени потребните мерки за оспособување на главната и деталната каналска мрежа за навремен почеток на сезоната за наводнување.