На чекор до Евробаскетот, Македонија ја совлада и Белорусија

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија оствари многу важна победа над незгодната Белорусија во Минск, со која го задржува врвот во квалификациската група и се наоѓа на само чекор до пласман на Евробаскетот 2015 година. Со сконцентрирана и квалитетна тимска игра во завршната четвртина, избраниците на Александар Џикиќ го заслужија триумфот од 81-70.Нашите кошаркари имаа импресивен почеток на натпреварот, а само во првата четвртина погодија шест тројки од осум обиди, со што го завршија првиот период со висока предност од 28-14. Сепак, Белорусија успеа на почетокот на втората четвртина да направи серија од 12-0, а реализирајќи ги големиот број слободни фрлања што ги имаше во првото полувреме, стигна до пресврт и на полувреме се замина со резултат 38-36 за домаќинот.Во третата четвртина се играше генерално изедначена кошарка, додека двете селекции често го менуваа водството. Но на крајот на третиот период, Војдан Стојановски најпрво погоди тројка, а во следните два напади и Марко Симоновски реализираше уште две тројки по асистенциите на Соколов и Македонија поведе со 59-52. Белорусија главно преку Ситник и Лиутич се обидуваше резултатски да се врати во средбата, но ние го имавме најпрво Бојан Трајковски исклучително расположен за реализација, а потоа и Соколов и Костоски кои погодија две тројки во низа. На нешто помалку од 5 минути до крајот, Македонија поведе со двоцифрена разлика, која не дозволи да ја испушти во завршницата и стигна до заслужена победа од 81-70.Самиот факт што и на овој натпревар дури петмина кошаркари од нашата селекција завршија со двоцифрен број на поени, најдобро говори за разработената тимска игра на нашиот состав, која се усовршува на секој нареден меч. Бојан Трајковски беше најпрецизен со 17 поени на кои додаде и 7 скокови, додека Александар Костоски додаде 15 поени со 2 скока и 3 асистенции. По 11 поени реализираа Симоновски и Соколов, а Ричард Хендрис го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 скокови. Од останатите стрелци, Војдан Стојановски постигна 8 поени, Андреј Магдевски додаде 7 а Стојан Ѓуроски беше реализатор на 2 поени. Белорусија го заврши натпреварот со повеќе скокови во однос на нашите кошаркари, но агилната одбрана на нашите кошаркари го примора противникот на 14 загубени топки, или 6 повеќе од нашиот тим.Со оваа победа, Македонија доаѓа на само чекор до пласман на Евробаскетот 2015 година, кој би претставувал петто учество на нашата земја на големиот континентален собир и веќе четврто по ред. Во очекување на последните три средби од групата, избраниците на Александар Џикиќ се без пораз на врвот на табелата, а следниот натпревар, кој воедно е и последен на гостински терен, го играме во среда против Белгија во Шарлоа.Нашите кошаркари имаа импресивен почеток на натпреварот, а само во првата четвртина погодија шест тројки од осум обиди, со што го завршија првиот п

Пронајдете не на следниве мрежи: