На „чистите“ гаќи може да останат и до 10.000 фекалии, доколку не перете правилно!

Перењето на долната облека при ниски температури овозможува развој и паралелен пренос на бактериите од долната облека на пешкирите, што на крајот може да предизвика голем број на зарази во домаќинството.Ниските температури на економичните програми за перење кои што се овозможени кај модерните машини не се доволни за убивањето на бактериите, па тие често се пренесуваат на долната облека, пешкирите и крпите, а тоа може сериозно да го загрози човековото здравје.
Според истражувањето на британското Здружение за хигиена, околу 0.1 грам или 10.000 фекалии остануваат на “чистите” гаќи по перењето на ниски температури, а бактериите од истите лесно се пренесуваат на другата облека или постелнината, пренесува “Daily Mail”.
“Луѓето веруваат дека облеката по секое перење е чиста, но постои разлика помеѓу површно чистото и хигиенски чистото”, изјавила водителката на студијата, докторката Лиса Акерли.
Таа додала дека економичните и другите програми за перење на ниски температури не се проблематични само поради остатоците од бактерии, туку и поради паралелната контаминација, односно преминувањето на бактериите на другите предмети во машината.
Така, предметите на кои што доаѓаат бактериите, како што се пешкирите и кујнските крпи, доаѓаат во директен контакт со човековото тело и лесно предизвикуваат најразлични болести. Бактериите на влажната облека се најопасни затоа што доаѓаат до рацете на луѓето при простирањето, а оттаму лесно стигнуваат и до устата.
Повеќе на mkd-news.com
 Ниските температури на економичните програми за перење кои што се овозможени кај модерните машини не се доволни за убивањето на бактериите, п

Пронајдете не на следниве мрежи: