Памучните бели маички со лого на луксузните дизајнерски куќи, изминатите неколку сезони се хит помеѓу трендсетерките.За сè е “виновна” модната куќа Gucci. Нивната бела маичка со препознатливото лого на брендот се продава по цена од 370 фунти, а во ормарот ја има речиси секоја позната модна блогерка. За ваквите маички постои листа на чекање бидејќи истите се распродаваат во моментот кога ќе пристигнат во продавниците.
Примерот на Gucci го следат и други познати дизајнерски куќи како Balenciaga, Saint Laurent и Dior, кој може да се пофали со најскапата памучна маичка чија цена е неверојатни 650 фунти.
Маиците кои по ништо друго не се посебни од останатите освен по својата етикета, во обичните продавници можат да се најдат по многу подостапни цени, но тоа не ги спречува дамите да издвојат енормно високи цифри за да ги купат. Затоа се запрашавме, која е главната причина за нивната популарност?
Објаснувањето е очигледно и помалку разочарувачки – цените на овие маици се далеку поевтини од дизајнерските чанти или капути, па затоа жените со ограничен буџет ги гледаат како одлична прилика за купување на некое дизајнерско парче.
Плус, благодарение на славните трендсетерки, овие маички станаа статусен симбол кој добива стилски бодови, дури и во комбинација со обични панталони и патики.За сè е “виновна” модната куќа Gucci. Нивната бела маичка со препознатливото лого на брендот се продава по цена од 370 фун