На полноќ истекува рокот за предавање на листите со партиски кандидати за членови на ИО

До ноќеска на полноќ политичките партии до oпштинските изборни комисии (ОИК)  треба да достават предлози за членови на избирачките одбори (ИО) и нивни заменици, заради формирање односно евентуално дополнување на ИО со нови членови и заменици. Според информациите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги предаде листите, на нив се околу 3.500 партиски кандидати.Обврската за предавање на листите е во согласност со Роковникот  на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти следниот месец. Од ДИК информираат дека испратиле соопштение и оти се јавуваат во општинските изборни комисии за да им укажат дека денеска ќе треба да ги чекаат предлозите на политичките партии.
Дел од опозициските медиуми објавија дека СДСМ нема да делегира свои претставници во избирачките одбори кои треба на терен да ги спроведат деветтите парламентарни избори закажани за 5 јуни, што опозицијата најавува дека ќе ги бојкотира.  Опозицијата реши претходно да не ги повлекува своите двајца членови од ДИК, за да обезбеди контрола врз изборните подготовки, но тие во последниот период не учествуваат на состаноците на Комисијата, каде што речиси сите одлуки се носат сега во сооднос шест наспроти еден
Силвана Бонева, член на ДИК вели дека и „Мост“ и „Цивил“ зборуваат невистини и затоа и нив како и двајцата колеги од СДСМ ги покануваат да дојдат на седница и на заедничка маса отворено да ги кажат своите конкретни сомнежи за избирачкиот список.
– Не можам да разберам од каде доаѓаат обвинувањата од „Мост“ и „Цивил“, но и нив како и колегите во ДИК од СДСМ, кои и понатаму ја бојкотираат работата на Комисијата, ги покануваме да дојдат и отворено да кажат што им пречи во работата на Комисијата. Сите други членови решивме да му одговориме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со поединечно писмо до секој од нас побара во Избирачкиот список да не влезат 138.167 луѓе со валидни патни исправи. Тоа ќе значеше дека им го одземаме правото на глас. А законот пропишува дека право на глас има секој полнолетен деловно способен граѓанин кој има валидна лична карта и патна исправа – вели Бонева.
На прашањето дали ова било пресвртна точка за бојкотот од СДСМ, Бонева е скептична.
– Не сметам дека бојкотот има каква било врска во бројките и гласачите. Тоа е став на СДСМ и нивната политика. И не би сакала да навлегувам во нивните мотиви. Вчера двајцата нивни претставници ги повикавме да дојдат на седница наместо преку медиумите да ни најавуваат дека ќе правеле ревизија на работата на своите колеги. Со конкретни бројки што по неколкупати темелно ги проверувавме им покажеме дека не е точно дека имало илјадници гласачи со поништени лични карти. Неколкукратни проверки направиме и за оние 71.798 гласачи кои првично ги имаше само во базата на МВР, а не можеа да се најдат во петте други бази со кои ја споредуваме. Излезе дека од нив има 7.571 со поништено живеалиште. Повторно проверуваме и од МВР добивме одговор дека 7.054 имаат нови пасоши, а 5.510 нови лични карти и има едно починато лице – вели Бонева.
Иселениците да поднесат пријава за гласање најдоцна до 9-ти мај
Државјаните на Република Македонија на привремена работа или престој во странство, кое сакаат да го остварат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија на 5-ти јуни 2016-та година, можат да поднесат пријава за гласање најдоцна до 9-ти мај 2016-та година, објавена е на сајтот на Државната изборна комисија (ДИК).
За да можат иселениците да гласаат, потребно е да поседуваат валиден македонски пасош или валидна македонска лична карта, документ за престој во земјата каде што се иселени, како и пријава за гласање во најблискиот конзулат или амбасада, како и барање за запишување во Избирачкиот список.
Очекувањата се дека за изборите на 5 јуни околу 20.000 гласачи од дијаспората ќе се пријават за гласање.
На минатите парламентарни избори во 2014 година во изборната единица во Северна Америка гласаа 1.845 гласачи, во Австралија 982, а најмногу во Европа 8.614. Во просек, во дијаспората 55 отсто од пријавените излегуваат на гласање.
Со последните измени на Изборниот законик пратениците од дијаспората ќе се избираат по пропорционален модел во една изборна единица. Потребниот минимум гласови за да биде избран пратеник од дијаспората е 6.400. Тоа значи дека дијаспората може да има максимум тројца пратеници.
Спасовски барал да се избришат 138.000 гласачи кои имаат право на глас
Државната изборна комисија во однос на Избирачкиот список е обврзана со членот 41, став 4 од Изборниот законик според кој „во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа“.
Од тука не можат да се прифатат толкувањата на техничкиот министер за внатрешни работи во Избирачкиот список да се најдат само оние државјани што имаат важечки лични карти, односно да бидат избришани полнолетните државјани што имаат валидни патни исправи, но немаат важечка лична карта. Ваквиот потег на министерот го сметаме за притисок и закана за работата на Државната изборна комисија, пренесува Дневник.
Ова ќе биде дел од содржината на колективното писмо што членовите на ДИK вчера попладне требаше да му го испратат на Спасовски како одговор на неговите поединечни писма испратени до нив, со кое практично повикува од Избирачкиот список да бидат избришани повеќе од 138 илјади избирачи. Мнозинство членови на ДИK вчера реагираа на ваквиот обид на Спасовски коментирајќи дека министерот нема ингеренции во уписот и бришењето записи во Избирачкиот список, туку тоа е единствено право и обврска на ДИK во посебна постапка, пишува весникот.
Имено, Спасовски во своето писмо до членовите до ДИK ги негира податоците дадени од дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Чавков за проверка на избирачите во базите на МВР и ги смета за непрочистени и наведува дека само личната карта може да се смета како валиден документ за гласање бидејќи тоа е единствената исправа во која е наведено живеалиштето на државјанинот.
-За таа цел, сакам Вам како член на ДИK, поединечно да Ви укажам, дека според член 1, став 1 од Законот за личната карта „личната карта е јавна исправа со која се докажуваат идентитетот, државјанството на РМ, живеалиштето и адресата на граѓанинот на РМ, што значи неспорно е дека единствен доказ за живеалиштето и адресата на граѓанинот во РМ е важечка лична карта“, пишува во писмото на Спасовски испратено до секој од членовите на највисокото изборно тело.
Членовите од ДИK коментираат дека и самиот Спасовски со писмото потврдува дека го игнорира Изборниот законик според кој право на глас имаат сите полнолетни државјани што имаат биометриска исправа, независно дали е пасош или лична карта, и дека живеалиштето на граѓаните воопшто не е услов за правото на глас, туку само критериум за одредување на гласачкото место.
– Тој се повикува на Законот за личната карта, кој уредува што значи личната карта како јавна исправа и на тој начин сака да избрише од Списокот 138.167 избирачи, односно наместо веќе утврдените 1.813.114 избирачи, во Списокот да бидат запишани 1.674.957 граѓани. Уште повеќе ваквата манипулација на Спасовски завчера доцна попладне беше ставена и на дневен ред на седницата за да се гласа по неа. Исто така, беше ставено и сличното толкување на тоа кој треба да биде запишан во Списокот од страна на неговата матична партија СДСМ, но ДИK со Избирачкиот список нема да биде нечиј изговор за неодржување избори,  коментира за Дневник член на ДИK нагласувајќи дека Македонија е единствената држава која сите свои избирачи (повеќе од 1,8 милион) ги проверила во базите на институциите, а некои избирачи и повеќекратно преку дополнителна контрола и теренски проверки.Обврската за предавање на листите е во согласност со Роковникот  на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламен

Пронајдете не на следниве мрежи: