Началникот на Вооружените сили на Словачка во посета на Македонија

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, генерал Милан Максим, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија и АРМ.Делегацијата на ВС на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
За време на посетата, генералот Максим, освен со началникот на ГШ на АРМ Величковски, ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Главни теми на официјалните разговори ќе бидат безбедносната состојба во регионот со осврт на мигрантската криза, учество на АРМ во операции за поддршка на мирот, информирање за  словачкото претседателство со ЕУ во 2016 година, тековната состојба како и унапредување на билатералната армиска соработка.
Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република, во текот на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС  Ѓорге Иванов, ќе го посети Центарот за обука на пилоти и караулата Богородица на македонско-грчката граница.Делегацијата на ВС на Словачка ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мето

Пронајдете не на следниве мрежи: