Најголемата планина на светот има многу скриени опасности: лавини, ледени понори и недостиг на кислород.Телата на над 200 алпинисти лежат на падините на Монт Еверест, а некои од нив може да се видат како ѕиркаат од снегот долж алпинистичките патеки.
И покрај опасностите кои ги демнат на највисоката планина во светот, алпинистите и натаму масовно доаѓаат во надеж дека ќе го освојат легендарниот врв. Бидејќи голем број тела има долж рутата по која поминуваат групите, многу од нив добија и прекари според кои алпинистите се ориентираат до каде се и уште колку има нагоре.
Така на пример, телото на индискиот алпинист наречен „Зелени чизми“ кој починал во 1996 година се наоѓа во близина на пештерата покрај која мора да се помине на патот до врвот.
Алпинистите ги користат неговите впечатливи зелени чизми за да одредат уште колку имаат до врвот.
Телата на над 200 алпинисти лежат на падините на Монт Еверест, а некои од нив може да се видат како ѕиркаат од снегот долж алпинистичките патеки.