Над 800 илјади евра од Турција за поплавените подрачја

Помошта што досега е пристигната за поплавените и што е најавена дека ќе пристигне од Република Турција изнесува 839.612 евра, информираат од Амбасадата на Турција во Македонија.Од страна на Турската Црвена полумесечина, до Црвениот Крст на Македонија испратена е донација со вкупна вредност од 9.370 евра што се состои од 500 лопати, 39 копачи, 200 четки од жица, 100  рачни колички, 300 црева, 500 пара ракавици, 300 пара чизми, 500 маски и 400 дршки.
Агенцијата ТИКА дала помош со вкупна вредност од 21.500 евра со тоа што се доделени вкупно 400 комплети со храна и хигиенски средства, и на 70 семејства доделена им е бела техника.
Доделената помош од страна на МУСИАД со комплети од храна и хигиенски средства за 1.000 семејства е во вредност од 15.000 евра.
Градот Истанбул испрати екипа од 38 лица кои работеа на терен, а додели и материјали како рачни колички, копачи, лопати, чизми, истовремено мобилната кујна даваше услуги. Од загрозените подрачја се испумпани 930.500 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.750 метри, исчистени се 328 живелишта, исчистени се 280 канали и во 374 наврати со камиони е пренесен шут. Помошта изнесува 49.400 евра.
Помошта на градот Бурса е во вкупна вредност од 38.477 евра  со тоа што има испратено 3960 пакувања брашно од 5 кг, 12.000 пакувања макарони, 13.750 шишиња вода од 0,5 литри, 33 отомани, 200 ќебиња, 200 комплети прекривачи, 200 перници, 170 лежаи, 300 конзерви, 3.335 парчиња облека, 310 храна, и 6.407 средства за хигиена. Испрати и технички персонал од 12 лица и возила за комбинирано чистење на канали и противпожарни возила, а со тоа вредноста од сработеното во поплавениот регион изнесува 22.545 евра.
Турската Црвена полумесечина испрати 6.320 комплети вода за пиење во вкупна вредност од 2.744 евра.
Помош испрати и општина Ејуп со вкупна вредност од 146.783 евра која се состои од 27 комплети облека, 1.000 теписи, 1.000 килими,  1.000 теписи за пред влезна врата, 10 пластични маси, 60 пластични столици, 20 комада боја за надворешна фасада, 1.152 вода за пиење од 5 литри, 360 вода за пиење од 10 литри, 500 детергент за миење на садови, 99 колети со облека, 1.500 колети со храна, 500 комада брашно од 10 кг, 2.000 комада ориз од 2,5 кг, 10.000 макарони од 500 грама, 1.000 комада сончогледово масло од 5 литри.
Здружението на општини Мармара испрати помош од вкупна вредност 50.207 евра што се состои од: разновидна храна, пелени за деца, играчки, средства за лична и домашна хигиена, вода, разновидна облека, конзерви, сол, шекер, брашно, макарони, грав, салфетки итн.
Општина Османгази испрати помош во вкупна вредност 15.903 евра: 3.600 литри сончогледово масло, 2.500 кг шекер, 2.500 кг брашно, 750 ќебиња и 25 каучи.
Џевахир Холдинг работи во регионот доброволно ангажирајќи го својот персонал и работните машини. Исто така имаат помогнато од аспект на реновирања на некои куќи, донирање средства за хигиена, опреми, пелени за деца и храна во износ од 15.000 евра.
Општина Баликесир испрати 100 софи со вкупна вредност од 9.912 евра. 
Фондацијата за верски прашања на Турција испрати хигиенски материјали кои беа доделени на 2.000 семејства во соработка со Советништвото за верски прашања при Амбасадата и Турската црвена полумесечина. Од друга страна започнати се активностите за поправки во Џамијата во Сингелиќ оштетена од поплавите со што ќе бидат сменети теписите и ламинатот. Вкупната вредност на наведената помош изнесува 40.200 евра. 
Од друга страна, наредните денови се предвидува Заедницата на општини на Турција да донира бела техника во вредност од 300.066 евра, и АФАД (Претседателство за управување со кризи и итни случаи при Владата на Република Турција) да  испрати донација составена од 500 машини за перење и 500 сета за кујна во вредност од 102.505 евра.  
Турската Црвена полумесечина продолжува со работа на терен и во соработка со турските невладини организации во Македонија и Црвениот крст го координира доделувањето на наведената хуманитарна помош.Од страна на Турската Црвена полумесечина, до Црвениот Крст на Македонија испратена е донација со вкупна вредност од 9.370 евра што се состои од 50

Пронајдете не на следниве мрежи: