сабота, 28 ноември 2026
Најново

НАД 850.000 ЕВРА ЗА ПРОЕКТ КОЈ ЌЕ ЈА ЗБОГАТИ ПРЕСПАНСКАТА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Завчера, од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија е распишан оглас за избор на најповолен изведувач на работите за реализација на проектот за изградба на пешачко-велосипедски патеки на брегот на Преспанското езеро. Крајниот рок за доставување на понудите е 19-ти февруари, а истиот опфаќа изградба на вакви патеки во Стење во должина од 1093 метри, на потегот помеѓу туристичките населби Претор и Сливница во должина од 2478 метри, на потегот помеѓу Сливница и Крани во должина од 1284 метри, како и во туристичкиот дел на Долно Дупени во должина од 232 метри.
Патеките опфаќаат асфалтиран велосипедски дел со ширина од 3 метри и бекатонски пешачки дел со ширина од 1,5 метри, кои ќе бидат поврзани помеѓу себе на исто ниво, а по целата должина ќе бидат хортикултурно уредени, со комплетно канделабриско осветлување по целата должина, како и со поставени клупи за одмор и корпи за отпадоци.
Инвестиционата вредност на проектот кој се очекува значително квалитативно да ја подобри преспанската туристичка понуда изнесува над 52.600.000 денари, а носителот на активностите-Општина Ресен, за реализација на овој вреден проект, средствата ги обезбеди од Владата на Република Македонија, односно од Министерството за транспорт и врски.
Крајниот рок за доставување на понудите е 19-ти февруари, а истиот опфаќа изградба на вакви патеки во Стење во должина од 1093 метри, на потегот по

Поврзани вести