Над 900 илјади демонстранти во Барселона против отцепување на Каталонија

Речиси 950 илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Барселона на протест против прогласувањето независност на тој регион од Шпанија, соопштија организаторите на протестот.Речиси 950 илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Барселона на протест против прогласувањето независност на тој регион од Шпанија, соопштија организаторите на протестот.
– Каталонија и Шпанија се обединети пет векови. Никој и ништо не може да ги раздели, нагласи нобеловецот за литература Марио Варгас Љоса. Тој изјави дека големиот број денешни демонстранти укажува дека „голем број Каталонци се против независноста, превратот и го поддржуваат Уставот, законите и правната држава“.
Се очекува Љоса (81)  на крајот од протестот да прочита манифест.
Пред една недела во Каталонија се одржа референдум за независност кој шпанскиот суд го прогласи за неуставен. Референдумот го обележа полициско насилство и голем број повредени граѓани и полицајци.
 
 Речиси 950 илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Барселона на протест против прогласувањето независност на тој регион од Шпанија, сооп

Пронајдете не на следниве мрежи: