Надал предвреме го умре Мандела

Рафа Надал се посрамоти пред 4,5 милиони фанови што го следат на Твитер, откако објави порака со сочувство за смртта на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела. Шпанскиот тенисер му поверува на еден лажен профил на сајтот на Си–Ен–Ен, каде што беше објавено дека Мандела, кој пред неколку дена беше префрлен во болница во тешка здравствена состојба, починал.
– Ја загубивме една од најзначајните личности на нашата ера. Почивај во мир, Нелсон Мандела – напиша Надал.
Осумкратниот првак на Ролан Гарос брзо дозна дека информацијата е лажна, па веднаш се поправи на неговиот профил на Твитер.
– Имав погрешна информација. Нелсон Мандела не не напушти и се надевам дека уште долго ќе биде со нас – изјави Шпанецот.Рафа Надал се посрамоти пред 4,5 милиони фанови што го следат на Твитер, откако објави порака со сочувство за смртта н

Пронајдете не на следниве мрежи: