Децата зачнати во Хитлеровата тајна програма за создавање на чиста ариевска раса надлуѓе, се сѐ уште живи!По логорите на смртта, втората најголема тајна на нацистичкиот систем за промена на светот бил проектот „Лебенсборн“. Според расистичките идеи на филозофот Алферд Розенберг, техничките детали ги разработил Хајнрих Химлер.
Идејата била во специјални домови да се одгледуваат илјадници русокоси, силни деца, со цел Третиот рајх до 1972 година да има 120 милиони надлуѓе. Армијата на фашистичка Германија тогаш би имала 600 Ес-Ес дивизии, што би претставувала воена моќ на која никој не би можел да ѝ се спротивстави.
Идеал им биле Норвежаните, „потомците на Викинзите“, бидејќи сметале дека тие даваат идеално ариевско потомство – ги имаат сите особености на крвта како и Германците, па дури и подобро…
„Нордискиот човек е најубавото човечко суштество на светот. Тој е супериорен и по интелигенцијата и по својата исклучителна појава. Нордиецот има светла коса и сини очи – крал над кралевите во однос на сите останати припадници на човечката раса на Земјата“, напишал Ханс Гинтер, нацистички теоретичар на расата.
Посебен тим агенти собирале соодветни идеални мајки за создавање на ариевската суперраса по Норвешка, Холандија, Белгија, Данска, Франција, Британија, Канада, Австралија и САД. Избраните и обележани жени биле праќани во Германија. Татковци биле само најзгодните и најсилни Ес-Ес офицери.
Кон средината на 1936 година, Химлер го отворил првиот „Лебенсборн“ во дворецот Штајнхеринг“, во предградието на Минхен. Од 22-та такви домови, 10 се наоѓале на тлото на Германија, 9 во Норвешка, 2 во Австрија и 1 во Белгија. Секој имал Дом на мајки и Дом на деца.
Меѓутоа, генетиката веднаш си поиграла со очекувањата на нацистите. Сите новороденчиња имале сини очи по раѓањето, а на многумина им потемнеле. Лекарот Јозеф Менгеле, се обидувал да најде начин како да ја смени бојата на очите и другите карактеристики во „ариевски“.
Децата кои не останувале русокоси, ги чекала тажна судбина. Завршиле во гасни комори. Хитлер пред крајот на Рајхот наредил да бидат уништени сите „Лебенсборнови“ деца, но тоа не било спроведено во дело.
Овој проект бил строго чувана тајна и тоа и би останало, да не успеале Американците по ослободувањето на Германија да пронајдат архиви и домови.
Се испоставило дека до крајот на војната, во тие домови биле родени повеќе од 42.000 деца во тајни клиники во Германија и во окупираните земји. Наводно, уште околу 200.000 русокоси и синооки деца биле грабнати и пренесени во Германија. Имено, само од Полска биле грабнати околу 40.000 деца.
Американците прво сакале грабнатите деца да ги вратат дома, но тие реагирале панично на таа идеја. Мозоците им биле до толку испрани, што повеќе не можеле да ја поднесат идејата да се вратат во „пониската раса“, па во главно, останале во Германија.
Се проценува дека денес само во таа земја ги има повеќе од 100.000.
Жалната судбина на децата кои по Втората светска војна скитале по Европа жигосани и игнорирани, е трајно предупредување за лудачките планови кои се однесуваат на расната надмоќ и високата цена која ја платиле оние кои се впуштиле да спроведат таков гнасен проект и оние кои се нивни жртви.По логорите на смртта, втората најголема тајна на нацистичкиот систем за промена на светот бил проектот „Лебенсборн“. Според расистички