Награда за градоначалникот Бакрачески на првиот полско-македонски конгрес на лекари

Loading...

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати на меѓународниот конгрес на лекари, „Прогрес во хирургијата и онкологијата“ кој до четврти септември се одржува во Охрид. Станува збор за прв собир од ваков тип во градов што досега се организирал во Република Полска од страна на проф. д-р Зоран Стојчев, Македонец кој долги години работи и живее во оваа европска земја.Во улога на домаќин и почесен гостин,конгресот за отворен го прогласи градоначалникот Бакрачески кој пред присутните истакна:
-Почестен сум што денес во Охрид се одржува овој Меѓународен конгрес на хирурзи и онколози. Ви посакувам топло добредојде во овој прекрасен град. Во исто време сакам да го изразам моето задоволство што го одбравте Охрид за овој настан. Драги колеги и учесници на конгресот, вашите презентации и дискусии кои се однесуваат на прогресот на хирургијата и онкологијата се од голема важност за оваа медицинска гранка како и во менаџирањето на многу тешки проблеми во денешницата. Верувам дека во наредните три дена ќе се разменат искуства и знаења, ќе се промовираат нови техники и методи во онкологијата и хирургијата, а учесниците на собирот ќе се стекнат со нови позитивни искуства. Ако ја разгледаме обемната научна програма којашто е опфатен на овој меѓународен конгрес, насловите на научните сесии , бројот на учесници и презентациите ќе заклучиме дека организаторот направил богат и успешен настан. Во овој момент дозволете ми да го изразам моето посебно задоволство и да упатам благодарност за организаторот на овој настан во Охрид, проф.д-р Зоран Стојчев, кој на најдобар можен начин го промовира Охрид и Македонија во Полска, притоа продлабочувајќи ги пријателските врски помеѓу двете земји. На крајот , покрај богатата агенда во наредните три дена, имате доволно време да уживате во преубавите бои на Охрид, најдлабокото и најстарото езеро во Европа, свежиот воздух од планината Галичица и духот на Св. Наум – подвлече Бакрачески кој од организаторите доби медал и благодарница за учество во успешната организација на настанот.
На полско-македонскиот конгрес учествуваат околу 200 лекари и 50 професори од Полска, Америка, Јапонија, Кореа, Англија и Германија.Во улога на домаќин и почесен гостин,конгресот за отворен го прогласи градоначалникот Бакрачески кој пред присутните истакна:
-Почестен сум

loading...