четврток, 26 ноември 2026
Најново

Наградени сезонците што помагаа за расчистување на поплавите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Аеродром деновиве донесе одлука за исплата на еднократен паричен износ за сезонските работници во Општина Аеродром за нивниот дополнителен ангажман за санирање на последиците од неодамнешната катастрофална поплава.
Имено, Општина Аеродром ќе им исплати еднократен паричен износ во висина од по 5.000 денари на сите ангажирани сезонски работници, кои деноноќно им помагаа на граѓаните во расчистување на последиците од поплавите на територијата на Општина Аеродром, но и во Стајковци и другите поплавени региони.
Инаку, првиот ден по поплавата Општина Аеродром донираше три милиони денари за санирање на последиците од елементарната незгода на подрачјето на Општина Гази Баба.

Поврзани вести