Најчести финансиски грешки и како да се заштитите од нив?

Секој од нас прави грешки кога се во прашање парите, порано или подоцна во животот некогаш тоа ќе ви се случи. А исто, тука се и оние кои почесто од другите ги повторуваат истите грешки или пак често изнаоѓаат нови. Ако и вие спаѓате во овие, тогаш вие не знаете добро да управувате со пари и крајно време е тоа да го научите.
Еве некои од најчестите грешки кои ги правиме по ова прашање во однос на парите и финансиите. Тоа се: 
 
Земате кредит на што повеќе годиниВо денешно време ретко кој може да си дозволи да си купи стан, куќа или пак автомобил без да земе кредит. Кредитот секогаш изгледа како најсоодветно и најбрзо решение, но секогаш тоа не е така. Имајте на ум дека кредитот треба да се врати и дека вашата обврска не завршува со купувањето на посакуваната ствар, него тогаш кога ќе го исплатите целиот кредит. Вие во принцип и не гледате колку пари губите (од каматите), но тоа незначи дека не се случува. Ние најчесто гледаме ратата на кредитот да е што помала иако исплатата е повеќе години. Ова е голема грешка, затоа што колку повеќе го отплатувате кредитот, толку поголема ви е каматата. А кога се во прашање големите кредити за купување на куќа или стан, може да се случи со се камати цената на крајот која ќе ја платите да биде дупло поголема. 
Прекумерна употреба на картичкатаМногу често ви посочуваме, користењето на картичките сведете го на најминимално, зошто тие едноставно ви јадат најмногу пари. Секојдневното купување со кредитна картичка треба да го избегнувате. Дебитна картичка користете за плаќање на бензин, прехрамбени продукти и за сите други семејни потреби. Одберете една кредитна картичка со најмала каматна стапка, а од останатите откажете се. И генерално, ако можете не ставајте додатно на кредитната картичка. 
Дали ги проверувате вашите сметки?Една од  најголемите грешки која можеби ја правиме е да не се грижиме за сметките и извештајот на примањата. Секој месец или барем на три месеци еднаш, треба да седнете и да разгледате дали ви се совпаѓаат бројките со примањата и со потрошените средства. Во ова време на картички многу лесно можете да бидете измамени, дали со стапици на самите банкомати или ако купувате преку интернет, затоа вашата детална сметка прегледувајте ја  почесто за да ако има некои неправилности ги забележите што поскоро. 
Одложување на купувањето на животно осигурувањеКако што стареете така и животното осигурување ви станува поскапо. Многу е подобро да се осигурате на 25 наместо на 55 години. Ако сега се чувствувате добро,  тоа незначи дека утре животот неможе да се поигра со тебе. Затоа не го одложувајте купувањето на вашето животно или здравствено осигурување. 
Премногу доцна започнувате со штедењето за пензијаКога сте во дваесеттите или триесеттите, пензијата ви изгледа толку многу далеку, и мислите дека немате потреба да се грижите за тоа. А всушност тоа време е најдобро да започнете со штедење за пензијата. Ако имате 40 години, веќе доцните. Започнете со штедењето што е можно порано и целта нека ви биде да заштедувате барем по 10 посто од приходите. Што подоцна започнете процентот на заштеда мора да ви биде поголем.
Извор. lady.mk
 Секој од нас прави грешки кога се во прашање парите, порано или подоцна во животот некогаш тоа ќе ви се случи. А исто, тука се и оние кои поч

Пронајдете не на следниве мрежи: