четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најди љубов таму каде што не си ја очекувал!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Без разлика дали сте сами или во двојка, најдобро е да се стуткате под ќебе со добар филм или серија.На Pickbox има романтични мигови во изобилство. Според тоа каков лик си, сигурно ќе се најдеш во една од овие сериски љубови и парови кои којзнае како го нашле патот еден до друг:
Родни и Касандра / Сплетки
Сите некогаш ја наоѓаат својата подобра половина, а ако тоа му успеало и на вечно несмасниот Родни од „Сплетки“ со неговото заведување кое е рамно на љубовно самоубиство, тогаш може секому да му успее. Единственото на што треба да се внимава е во близина да не се најде братот кој сака да ве посрамоти, затоа што тогаш сѐ пропаѓа.

Жан-Лик и докторката Крашер / Ѕвездени патеки
Двојката која успеа да ја реализира својата врска дури во алтернативната иднина, капетанот Пикард и докторката Крашер се бакнуваат во сегашноста, во последната епизода од „Ѕвездени патеки“. Но тоа време, како и алтернативната иднина, уништени се кога Пикард го менува минатото… Сѐ е релативно, затоа ништо не е невозможно!

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ал и Пеги Банди / Брачни води
Ако среќно се заљубиш еден ден, само сети се дека Пеги и Ал Банди порано биле заљубени. Пред да впловат во мизерното пристаниште наречено „брак“,се гледале милно, сексот им бил добар, оделе на пијачки и вечери. Останатото е историја. Ал седи на каучот со далечинското в раце и мрчи, а Пеги со цигара во уста се вртка низ кујната и подготвува јадења кои не се баш за јадење. Расположете се со гледање на најлошиот пар во историјата!

Френ Фајн и г. Шефилд / Дадилка
Романсата помеѓу дадилката и нејзиниот богат шеф е ода за сите залудно заљубени кои трпеливо го чекаат својот миг. Трпеливоста се исплатува! Ако ништо друго, барем за оние што имаат долг јазик и се подготвени, баш како и дадилката Фајн, да ја предизвикаат својата среќа. Биди како дадилката Фајн. Предизвикај ја својата среќа!

Одри и специјалниот агент Дејл Купер / Твин Пикс
Ќе замижиме пред фактот дека средношколката Одри е премлада за агентот Дејл, но вистинската љубов не признава години и не ги почитува општествените конвенции. Ако има хемија и добри вибрации, само напред (но само кога тој/таа ќе стане полнолетна!)

 
Шерлок и Моли / Шерлок
Љубовта помеѓу Шерлок и Моли можеби е платонска, но понекогаш токму таквата љубов ни дава сила. Општествено прилагодени социопати, ценете ги оние што ви се поддршка во сѐ!

 
Бичер и Келер / Оз
Кога си долго во затвор како Бичер, не е чудно одеднаш да се најдеш заљубен во Келер и да го бакнеш во затворската пералница. Во таквите ситуации не е најлоша работа што си „геј“ лик во затвор, туку што твоето момче најверојатно по некое време ќе ти ги скрши рацете и нозете.На Pickbox има романтични миг

Поврзани вести