Надица Блажиќ (49) пред 20 години дошла во болницата во Зрењанин со породилни болки, воопшто не надевајќи се дека поради намерите на докторите ќе помине 17 дена обидувајќи се да го донесе детето на свет. Кога конечно ја родила малата Марина, докторите веднаш рекле дека е најдобро да се прости од неа и да ја заборави- бидејќи не верувале дека детето со такви аномалии не може да преживее. Надица тогаш им кажала една реченица до која и ден денес се држи, а Марина, која страда од единствен медицински феномен на светот, израснала во активна девојка и станала светска вицешампионка во хип- хоп за деца со инвалидитет.Надица основала здружение за самохрани родители и семејства со деца со инвалидитет „Сина школка“ кога сфатила дека нејзиното дете има единствен медицински феномен- па со тоа не спаѓа во потполност во ниту едно од веќе постоечките здружениа кои најчесто се ограничени на некој конкретен инвалидитет. Денес е еден од најгласните заговорници за видливост на луѓето со ивалидитет, и се затоа што многу добро се сеќава како таа се чувствувала кога пред 20 години сама тргнала во оваа животна борба.
„Дојдов во болницата со породилни болки, и докторот ми рече дека породувањето започнало. За жал, мојот доктор баш тој ден замина на годишен одмор, и ме препушти на друг доктор, кој на своја рака намерно го одложуваше породувањето. Женитеминуваа низ агонија, две поради него се породија во 10-от месец, а една на крајот го изгуби бебето. Докторот, чие име никогаш не го спомнувам, имаше некоја своја теорија за тоа како бебињата во стомакот наутро се движат повеќе и како активноста во текот на денот им се намалува, па не тераше да запишуваме кога и да ни се помрдне бебето и да му дадеме известување. Поради сето тоа поминав 17 дена во породилиште, а Марина цело време беше заглавена во каналот“, се потсетува Надица.
Марина дошла на свет таканаречено без врат и клучна коска, со една нога пократка од другата, со потполно асиметрично лице, сериозни роблеми со видот и слухот и со голем број аномалии. Поради сето тоа докторите ѝ рекле дека најдобро е да го заборави своето дете и да си замине. Но, Надица, која дома ја чекале уште две деца, ниту во еден момент не помислила да ја остави. Така на докторите им рекла нешто до што и денес се држи.
„Мојата љубов ќе го стори она што медицината не може, тоа им го кажав на скалите, каде ми кажаа дека треба да го оставам своето дете и да одам. И токму тоа се случи. Без ниту една операција, со многу љубов, работа и вежбање, Марина застана на нозе. Од најмлади денови се труди да живее како и сите останати деца, па така детето за кое во најмала рака мислеа дека ќе биде во количка, бидејќи воопшто немаше мускули на десната страна од телото кога се роди, набрзо почна да вози велосипед, а сите беа изненадени кога успеа без проблем да направи мост“, вели мајката.
На секоја препрека која им се јавувала на овој долг и ни малку едноставен пат, Надица и Марина одговарале со позитивен став. Кога ѝ кажале дека нејзината ќерка ќе има искривени прсти, Надица само одговорила дека поради тоа ќе може полесно да свири- а потоа и отишла и ја запишала ќерката на часови по клавир. Тоа што едната нога ѝ била пократка за 2,5 см од другата не ја спречило Марина да тренира фолклор од својата шеста година, а самата научила како да игра, а никој да не забележи дека нозете не ѝ се со иста должина.
Со текот на времето малиот борец израснал во вистинска активна девојка, која има повеќе интерес од многу нејзини врснички кои немаат инвалидитет. По фолклорот кратко тренирала латино танци, а потоа го открила хип- хоп танцот, во кој освоила второ место на светско првенство. Просториите на „Сина школка“ во спортскиот центар „Олимп“ исполнети се со медали и трофеи кои со текот на годините ги освојувала марина, а гордата мајка вели дека за се се заслужни три работи: љубов, позитивен став и многу работа.
Затоа се надева дека со залагањето во организацијата ќе успее со своето искуство да допринесе другите родители да си помогнат себе си на своите деца, но и да направи луѓето со инвалидитет да станат видливи во општеството.
„Сина школка“ постои веќе пет години, и сега можам да кажам дека сигурно стоиме на свои нозе. Благодарение на донациите спеваме да организираме и работилници и јавни настапи и тоа се без никаков буџет. Оваа година петти пат по ред организиравме спортски игри под слоганот „Сакам да играм“ и ни се придружија деца од 15 градови и села ширум Србија. Ним тоа ќе им остане во спомен како прекрасен ден, како нешто сосема поинакво“, порачува Надица, за која слободно можеме да кажеме дека е најдобра мајка на светот.Надица основала здружение за самохрани родители и семејства со деца со инвалидитет „Сина школка“ кога сфатила дека нејзиното дете



