Јосиф Висарионович Сталин, имал некаде околу 3 до 20 двојници за време на неговото владеење, а во неговиот гроб, кој се наоѓа за мавзолејот на Ленин кај ѕидините на Кремљ, всушност лежи еден од тие двојници.Случајот е таков за да се сокрие дека лидерот на Советскиот Сојуз бил отруен.
Ова е поентата на документарниот филм „Неизречените тајни на Кремљ“, кој неодамна беше емитуван на руската јавна телевизија. Бескрупулозниот диктатор и 70 години од смртта, го привлекува вниманието на јавноста .
Историчарот Валериј Маловани изнесува податоци за најмалку тројца двојници на Сталин, кои биле користени за различни настани. Тој тврди дека извесен Рашид настрадал во „фиктивен атентат“. Другите двајца се актерот Семјон Гољдштаб и Јевсеј Лубицки. Гољдштаб се прославил со улогите на „големиот водач“ на филм и во театарот, а Маловани тврди дека присуствувал на погребот на Киров, наместо на Сталин – постоела дојава за „нов атентат“.
Најпознатиот двојник на советскиот лидер, наводно бил Лубицки, кој по смртта на Сталин бил протеран во дивите предели на Казахстан, каде што доживеал длабока старост.
Меѓутоа, во документарниот филм зборуваат и светски познати историчари, како што е Јуриј Жуков, кој ја одбива и самата помисла на двојници. Жуков вели дека Сталин, како и секој диктатор, бил прилично параноичен и сигурно немал двојници. Тој сакал сите работи да ги држи под контрола, а секогаш постоела можност некој двојник да направи нешто погрешно или да биде искористен за други цели.
„Тој никогаш целосно не им веруваше на луѓето од неговото окружување, посебно не до тој степен за да им овозможи да го заменат со двојник“, истакнува и историчарот Дмитриј Лисков.
Нивниот колега Анатолиј Уткин, вели дека Сталин имал двојници – но, само за да се измамат непријателите (посебно во текот на Втората светска војна), или да го заменат на некои досадни должности, како што е повеќечасовно стоење на ладно време или на трибината во мавзолејот на Црвениот плоштад за време на разни паради.
„Се зборува дека во саркофагот се наоѓа двојник, а не самиот Сталин. Оваа приказна постои уште од средината на 50-тите години, а прв кој го изјавил тоа бил Василиј – синот на Сталин, кој во писмото до Мао Це-Тунг тврдел дека неговиот татко е отруен и кремиран за да не се открие вистината. Но, тоа е глупост“, вели Жуков.
Сталин спаѓа во оној вид државници и диктатори кои со својата појава и челична тупаница сѐ уште ги фасцинираат луѓето, па како што минува времето, така се шират мистериите и приказните за неговиот живот.
Сталин се обиде да го убие Тито 22 пати, а она што Броз му го порачал засекогаш го има замолчено!Случајот е таков за да се сокрие дека лидерот на Советскиот Сојуз бил отруен.
Ова е поентата на документарниот филм „Неизрече