сабота, 28 ноември 2026
Најново

Најмистериозната книга од средниот век наскоро ќе биде достапна за јавноста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Една од најенигматичните книги во светот ќе се репродуцира во Шпанија, а станува збор за Ракописот на Војнич, напишан на средновековен пергамент, на јазик кој ни најголемите криптографи во светот никогаш не успеале да го дешифрираат.Стотина истражувачи го минале својот живот обидувајќи се да ја дешифрираат таа мистериозна книга со страници испишани со елегантен ракопис, со илустрации од чудни билки и цртежи од голи жени.
Делото ретко излегува од сефот на библиотеката Бејнек во Универзитетот Јејл во САД. Но, мала издавачка куќа со седиште на северот на Шпанија, Силое, конечно по 10-годишни напори добила дозвола за репродукција и печатење од речиси 1.000 примероци, на голема радост на директорот на издавачката куќа.
„Ова дело е навистина нешто посебно“ – рекол Хуан Хозе Гарсија од седиштето на издавачката куќа.

 
Toj има намера да издаде толку веродостојни факсимили од манускриптот на Војнич, да може да се видат дамките, дупките и другите незгоди кои ги доживеал стариот пергамент.
Кога ракописот бил даден на датирање во 2009. година, било откриено дека настанал помеѓу 1404. и 1438. година. Библиотеката секој месец прима илјада мејлови од лица кои мислат дека ја откриле мистеријата на кодот.Стотина истражувачи го минале својот живот обидувајќи се да ја дешифрираат таа мистериозна книга со страници испишани со елегантен ракопис, со илус

Поврзани вести