Морал, кодекс на однесување, бон-тон итн. Сите овие параметри ни ја ограничуваат слободата на делување. Во главата постојано ни се врти некоја желба, некоја акција, но секогаш нешто не кочи од внатре и ни вели „не тоа не смееш да го направиш“. Да видиме што вели астрологијата кога тој внатрешен глас некогаш нема да го послушаме.
ОвенБидејќи отсекогаш сакал да биде херој на улицата, овој грабливец најчесто сака работи со кои ќе ја воодушевува својата околина. Агресивниот Овен верува дека ќе стане предмет на обожавање на целата населба доколку секоја ноќ под прозорците на соседите им прави бучава со својот мотор. Уплашените соседи со ноќи ќе го гаѓаат со разноразни предмети и ќе го налеваат со вода, се додека по неколку месеци не сфати дека е несакан и навреден не си замине.
Што најмногу го привлекува младиот Овен? Ќе го забележите како во дворот ги малтретира сите деца околу себе и им ги зема играчките, особено пластичните пиштоли или некоја друга играчка-оружје. Постарите Овни се највештите шверцери. Најчесто тргуваат со делови од автомобили или со цели автомобили, а оние најекстремните и со оружје.
БикОва се грабливци што не се ни трудат да се променат. Во потрага по богатството, оди со исплазен јазик, зацрвенето лице и со тресливи раце. Доколку открие дека поседувате нешто што тој го нема, ќе ве озборува, мрази и бескрајно ќе пати.
Што најмногу го привлекува? Сонот на секој Бик е да поседува неколку илјади хектари земјиште на кое ќе расте жито и овошје, односно по кое безгрижно ќе трча со овците и кравите, а кои сите еден ден на мира ќе може да ги изеде. Урбаните Бикови повеќе се концентрирани на фрижидерите и замрзнувачите, кои ги чуваат во спалната соба наместо во оставата. Покрај тоа, познати се како колекционери на уметнички дела.
БлизнациБлизнаците најмногу од се ја сакаат славата. Сакаат да делат автограми и слики, а доколку случајно влезат во некој телевизиски кадар, прават гримаси и си играат со рацете. Повеќето од нив длабоко веруваат дека се навистина славни и тоа без никаква основа.
Што најмногу го привлекува? Во очекување на славата, Близнаците времето го поминуваат играјќи некоја игра на компјутер или праќајќи му е-маил на некој од многубројните пријатели или, пак, бесно ќе свират на некој од своите музички инструменти од кои набрзо оглувуваат. На постари години ќе ги видите во некој парк, како им ги земаат играчките на децата или, пак, играат фудбал со нив.
РакНеговиот скромен, тивок и безнадежен изглед со ништо не ја оддава неговата мегаломанска природа. Но, сепак, Ракот никогаш нема да биде целосно среќен доколку не поседува неколку куќи, по некоја викендичка, чамец итн.
Што најмногу го привлекува? Најлошиот сопственик во зодијакот. Животна желба му е сам да живее во висококатница или можеби во скривница или во милитантни бункери во цветни градини. Лош е и како потстанар. Тешко можете да го избркате, а ништо нема да биде чудно по неколку месеци тој да ве избрка вас.
ЛавОвие се најголемите грабливци во зодијакот, а лесно се прикриваат зад честа и големодушноста. Се сретнуваат по раскошни забави, а ќе ги препознаете по зажарениот поглед, кој е насочен кон вашиот златен накит. Секако дека и тој е накитен како вас. При погледот на вашиот прстен неконтролирано ќе почне да си ги лиже усните, а најекстремните ќе се обидат да ви го украдат или барем ќе ви го побараат да го поносат некое време.
Што најмногу го привлекува? Лавот сака да има многу и најмногу. Освен на златото, овие луѓе паѓаат и на крзна. Во секој пес или мачка гледаат потенцијална бунда или крзнени ракавици. Лавиците се познати колекционерки на долги и кратки бунди, додека машките, наместо тепих, во дневната соба со задоволство ќе стават кожа од мечка.
ДевицаИако нејзините желби можат да изгледаат безначајно или можеби бизарно, една активна граблива Девица може да му нанесе многу штета на друштвото во целина, како и на поединци. Не паѓајте на нејзиниот незаинтересиран израз на лицето. Девиците се термити, кои чистат се пред себе.
Што најмногу го привлекува? Ако нема пари да купи, ќе се обиде да украде компјутер, калкулатор, лупа, прибор за техничко цртање, мерни и оптички инструменти, фасцикли и се што е поврзано за канцеларијата. Оние
најекстремните најмногу се палат на правосмукалки. Не и верувајте ако некоја од овие работи ја позајми и ви вети дека набрзо ќе ја врати. Уште повеќе ако имате некој расипан апарат, па ви се нафати да го поправи. Бидете сигурни дека на вашиот апарат ќе му недостига дел што никаде не може да се најде.
ВагаОва се главните шминкери во Зодијакот, кои постојано се незадоволни од својата гардероба. Со широко отворени очи со часови се џарат во модните излози. Редовно ги посетуваат модните ревии на кои љубоморно ги озборуваат манекенките и моделите што ги носат. Кога излегувате со нив мора да внимавате при облекувањето, бидејќи ако нешто од облеката што ја носите им падне во очи, ќе ве соблечат до гола кожа.
Што најмногу ги привлекува: освен по облека, Вагите полудуваат и по шминка и парфеми. Никако не смеете да ги оставите во продавници без надзор, бидејќи тие ќе купат нешто што и вие имате. Покрај тоа, Вагите не се имуни ни на слики и скулптури. Потајно се надеваат дека еден ден кипот на слободата ќе заврши во нивниот двор.
СкорпијаОва е еден од најнепредвидливите грабливци во Зодијакот. Во моментите на голема желба се шушкаат, шепотат и обилно се потат. Во крајни случаи не се при свест.
Што најмногу ги привлекува: Скорпионската жед најчесто е насочена кон трупање големи количества заводничка долна облека, а во екстремни случаи разновидни секс-помагала. По маркетите се познати како крадци на тантелести килоти, додека во видео клубовите секојдневно бараат некои нови порно филмови. Жетта за богатство не му е силна страна.
СтрелецСнобовскиот Стрелец најмногу страда за статусни симболи. На помислата за палто од Армани, италијански чевли или некој расен пес, незадржливо течат лиги. На разгледниците се потпишува исклучиво со проф., д-р., или барем со инг. и тоа најчесто сосема неоснована.
Што најмногу ги привлекува: додека малиот Стрелец сака да поседува некој елитен коњ или барем пони на кој славно би јавал по градот, кога ќе потпорасне сонува по јапонски автомобили, гаража полна со велосипеди, синџир ресторани и кафулиња, бунди, накит и костуми од Шанел. Повеќето од нив сепак собираат само љубовници, чии имиња грижливо ги оставаат над креветот.
ЈарецБескрајно грабливо суштество, кое оперира по системот молчи и земај. Не е претерано нападен, но лесно може да го препознаете по тоа што често се чеша по дланките. Никогаш не му е доволно.
Што најмногу го привлекува: Најомилената играчка на малиот Јарец отсекогаш била голема до врв наполнета касичка. Големите Јарци обожаваат дебели паричници, се разбира полни со пари и кредитни картички кои обично не ги носат во својот џеб, туку ги крадат од туѓ. Покажуваат необична наклонетост кон часовниците и будилниците. Сепак, најмногу од се сакаат да чекаат на ред во банка за да вложат пари на своите банкови сметки. Може да се каже дека тогаш се безгранично среќни и во целост исполнети.
ВодолијаУверливо најнезабележлив грабач во Зодијакот, со наивен изглед во некоја хуманитарна организација. Немојте да се излажете, тој најмногу сака технички апарати во својата куќа, од најобичен миксер, па до 3Д телевизор. Немојте да му давате на услуга фотоапарат, камера или нешто слично. Многу лесно ќе ви го отуѓи.
Што најмногу го привлекува: наместо слика, Водолијата со задоволство на ѕидот би ставила најсовремен телевизор. Секако дека мора да поседува многу силно домашно кино кој цел ден би трештело. Во таа оаза на среќа, со задоволство на лицето постојано ќе ги менува програмите со помош на едно од десетината далечински управувачи. Најекстремните Водолии тајно посакуваат да станат астронаути.
РибиВо моментите кога Рибите нешто силно сакаат изгледаат многу збунети. Кога ќе видат нешто што им причинува задоволство почнуваат потешко да дишат и тоа може да го слушне околината, а и да се види на нивниот образ, бидејќи целата крв тогаш им се концентрира во главата. Се смируваат дури тогаш кога предметот што го сакаат ќе стане нивен.
Што најмногу ги привлекува: Рибите се страв и трепет во сите продавници за рибарска опрема. Доаѓаат секој ден и купуваат најразлични прачки за риболов, јадици или некоја друга опрема поврзана со водата. Доколку немаат доволно пари клекнуваат пред продавачот и го молат за попуст. Освен тоа познати се и како консумери и колекционери за алкохолни пијалаци. Најмногу ја сакат вотката и најчесто од неа прават колекција. Често им се случува и в кревет да легнат со шише вотка и со неа да заспијат.
Извор: astromagazin.com.mk
Во главата постојано ни се врти некоја желба, некоја акција, но секогаш нешто не кочи од внатре и ни вели „не тоа не смееш да го на