Најпосакувана женска фризура оваа сезона…

 
Скоро сите познати ја скратија косата оваа пролет. Иако кратката коса бара помалку внимание, оваа фризура не е едноставна за одржување. Должината може да варира од брадата до клучната коска. Иако тоа ќе биде олеснување и разладување на вашиот врат, доколку не се исфенирате ќе изгледате неуредно. Кај ваквата фризура не постои брзо собирање во коњско опавче или пунџа.
Изберете должина и текстура спрема обликот на вашето лице
Морате да имате реалистични очекувања, затоа советувајте се со фризерот. Доколку имате виткана коса таа само ќе се подигне кога ќе ја скратите, затоа ќе морате да ја оставите малку подолга за да го постигнете саканиот ефект. Усогласете се со фризерот, тој ќе знае најдобро како да ви ја скрати косата за да го добиете посакуваниот стил.
Важно е да се вклопите
Вашиот личен стил е важен и треба да го земете во предвид кога планирате да ја менувате фризурата. Кај некои жени косата е неизоставен дел од личноста и тие не би требале да размислуваат за промена. Други жени пак, секоја нова промена внесува нов елан во нив.
Не е лесна за одржување
Косата со средна должина е неблагодара за одржување. Освен што ќе морате секој ден да водите сметка за неа, бара и почесто потстрижување  за да ја одржувате во форма. 
Скоро сите познати ја скратија косата оваа пролет. Иако кратката коса бара

Пронајдете не на следниве мрежи: