Намалувањето на невработеноста во Република Македонија за Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ е еден од врвните приоритети. ВМРО-ДПМНЕ наследи рекордн ниво на невработеност од 38%. Во периодот од 2007 до 2015 година преку различни активни програми, мерки за вработување и обуки за подобрување на пазарот на трудот опфатени се вкупно 88.619 невработени лица и постигнати се 34.610 вработувања.-Како еден од најуспешните проекти е Проектот МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА преку кој се овозможува олеснително и повластено вработување. Проектот се однесува на повеќе категории на невработени меѓу кои невработени лица до 35 години возраст, невработени лица на возраст од 35 до 50 години, лица на возраст над 50 години, како и за највозрасните работоспособни невработени лица над 58 години до исполнување на условите за стекнување на правото на старосна пензија.
Во периодот од неполна година оваа мерка ја искористија 710 прилепчани или 15.127 лица ширум Македонија.
-Со мерката за ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на млади лица до 29 години во период од 12 месеци, а работодавачот е должен да го задржи лицето уште 12 месеци вработени се вкупно 12.186 млади лица во 5.540 компании.
-Се реализираше Програма за самовработување со кредитирање која обезбедува можност за подигање на кредит во износ од 3.000 евра, односно 5.000 евра во зависност од дејноста на бизнисот, со грејс-период од 12 месеци и период на враќање од 48 месеци, за носителот на претпријатието. Вкупно отворени се 5.124 работни места од кои во 3.162 правни лица вработени се 3.794 лица, а 1.330 лица се регистрирани како земјоделци.
-За компаниите кои имаат потреба од зголемување на бројот на вработени односно дополнителни вработувања ќе можат за секој нов вработен до пет вработени да добијат дополнителни 3.000 евра преку Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места. Од 2012 до 2015 година за Програмата аплицирале 1.240 фирми и склучени се договори со 636 фирми кои вработиле 767 лица.
-Програма за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години-нова програма овозможи вработување за 382 лица во 326 правни субјекти.
-Преку програма за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места за млади лица – нова програма во период од 2014 до 2015 година склучени се 199 договори и постигнати се 232 вработувања.
-Поддршка за самовработување Од идеја до бизнис и формализација на постојните бизниси со неповратни средства – грант од 3.000 евра за секој новорегистриран сопствен бизнис преку која мерка од 2007 до 2015 година се постигнаа вкупно 7.788 вработувања, само во Прилеп 655 лица, а вкупно 7.713 ново формирани правни лица при што успешноста на компаниите е над 80%.
-Поддршка за прво вработување (практикантство) за млади невработени лица со што од 2008 до 2015 година преку Програмата се опфатени 2.593 лица.
-Субвенционирано вработување преку кое се предвидува субвенционирање на вработување на секое лице за бруто-плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да ги задржи на работа најмалку 12 месеци. Од 2007 до 2014 година преку програмата се вработиле 5.157 лица.
-Програма за субвенционирање на вработување на деца без родители. Во периодот од 2007 до 2014 година вработено е 31 лице.
-Програма за субвенционирање на вработување на инвалидни лица. Од 2007 до 2015 година доделени се околу 22 милиони евра по сите основи за вработување на 2.642 инвалидни лица.
-Субвенционирање на вработување на корисници на социјална парична помош. Од 2014 година до 31.12.2015 година вработени се вкупно 123 лица корисници на социјална помош. Од особена важност беше и зголемување на минимална плата.
– Висината на минималната плата за 2012 година изнесуваше 8.050 денари во нето- износ, а истиот износ се однесуваше и за 2013 година. Со измените кои беа извршени во Законот за минимална плата во 2014 година, се утврди износ на минимална плата во висина од 8.800 денари во нето-износ за 2014 година, 9.590 денари за 2015 година и 10.080 денари за 2016 година. Во дејностите кои се трудоинтензивни, производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа, исто така има зголемување на минималната плата и од 1 јануари 2015 година изнесува 8.050 денари, за 2016 година 9.000 денари, и во 2017 година ќе изнесува 9.590 денари, а во 2018 година ќе изнесува 10.080 денари.
Почитувани сограѓани,
Само со одговорно и посветено работење Македонија ќе продолжи да напредува. Сите овие мерки придонесоа стапката на невработеност да се намали од рекордни 38% во 2006 година, на 24,6% во 2016 година, а бројот на вработини лица достигна 715.758 лица што јасно говори за тоа дека во Македонија отворени се нови 149.465 работни места. Се бориме за секое работно место, затоа што само вака се сака Македонија!
Ви благодарам!-Како еден од најуспешните проекти е Проектот МАКЕДОНИЈА ВРАБОТУВА преку кој се овозможува олеснително и повластено вработување. Проектот се о