Нападната е руската граница со Украина!

Инцидентот се случи на преминот Изварино, во украинскиот источен регион Луганск, каде вооружена група во црни униформи и со „Георгиеви ленти“ ја запалија канцеларијата на царинската служба, а потоа побегнале во непознат правец.Група вооружени мажи во црни униформи, пробале да го заземат граничниот премин помеѓу Русија и Украина – соопшти шефот на руската царинска служба, Андреј Бељанинов.
Во меѓувреме, пожарот кој во текот на ноќта изби во киевската телевизиска станица, кој ги уништи каблите и го прекина емитувањето, предизвика сомневања меѓу украинските претставници, од кои едниот мисли дека станува забор за руска саботажа.
Додека шефот на регионалната администрација, Владимир Бондаренко, смета дека пожарот бил предизвикан од краток спој и дека не станува збор за никаква саботажа, заменик секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана – Викторија Сјумар, мисли поинаку.
Таа смета дека „само професионалец би можел да знае каде се наоѓаат каблите“, како и дека ова е класичен пример за саботажа, пренесува АФП. Пожарот веднаш беше ставен под контрола, а телевизиската станица продолжи со работа, користејќи агрегати.Група вооружени мажи во црни униформи, пробале да го заземат граничниот премин помеѓу Русија и Украина – соопшти шефот на руската царинска сл

Пронајдете не на следниве мрежи: