НАПИЈТЕ СЕ КАФЕ, ПА ДРЕМНЕТЕ: Еве какво дејство тоа ќе има на вас!

На сите нас, барем од време на време, ни се случува да немаме време да спиеме осум часа секоја вечер. Затоа, штом ќе ни се приспие во текот на денот, досегнуваме по кафе или хектолитри или гледаме да зграбиме некој момент за попладневна дремка.Ако сте поспани и сакате да се разбудите,а покрај тоа имате само 20 минути еве предлог кој треба да го испробате. Се што ви е потребно е да испиете една шолја кафе и после тоа кратко да дремнете.
Конвенционално мислење е дека кафето му пречи на сонот, но ако кофеинот се впушти во вашиот организам веднаш пред спиење и тогаш спиете 20 минути или помалку ќе си удоволите  себе си на два начина – ќе бидете одморени, а и кофеинот ќе ја зголеми активноста во мозокот.
Експериментите покажуваат дека комбинацијата на пиење кафе и кратка дремка, е подобра отколку само пиење кафе или само дремка.
Експеримент направен на Универзитет во Велика Британија покажува дека уморните луѓе кои пиеле кафе, а потоа имале кратка дремка, во траење од 15 минути, направиле многу помалку грешки при  возење, отколку оние кои  пиеле само кафе или тие кои само дремнале.

 

Во меѓувреме, јапонска студија покажала дека луѓето кои пијат кафе, а потоа кратко дремнуваат пред да прават серија тестови за меморија многу подобро се покажале од оние луѓе кои само се напиле шолја кафе или дремнале па се измиле лице.
Прво, испијте една шолја кафе (може и други пијалаци кои имаат кофеин, но чајот и содада имаат помалку кофеин). Кафето треба да го испиете брзо, ако ви е тешко да го пиете многу топло одеднаш, можете да се послужите со ајс – кафе или еспресо.
Веднаш откако ќе го испиете кафето пробајте да заспиете, и не грижете се ако не успеете веднаш, само мирување во траење од половина час, може да биде корисно.
Ако сепак заспиете, потрудете се да се разбудите за  минути и ќе бидете будни токму во оментот кога кофеинот ќе почне да делува.Ако сте поспани и сакате да се разбудите,а покрај тоа имате само 20 минути еве предлог кој треба да го испробате. Се што ви е потребно е да испиете

Пронајдете не на следниве мрежи: