Направете домашно ИРСКО КАФЕ

Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус.СОСТОЈКИ:
– 40мл ирско виски
– 80мл топло црно кафе
– 30мл слатка павлака
– 1 лажица кафеав шеќер

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја чашата во која ќе го служите коктелот со помош на топла вода. Ако чашата е ладна, кога ќе го ставите топлото кафе може да се случи да пукне.
Ставете го во чашата шеќерот и додајте ги вискито и топлото кафе. Мешајте со лажичка сè додека шеќерот не се растопи.
Земете мала лажичка, свртете ја и врз задниот дел полека налевајте ја слатката павлака (врвот на лажичката треба да ја допира површината на течноста во чашата). Павлаката треба да остане да „лебди“ на површината. Откако ќе ја додадете павлаката, кафето не треба да се меша.

Ирското кафе се служи топло. За поубав изглед одгоре можете да ставите малку изрендано морско оревче или да украсите со стапчиња цимет. Заедно со кафето можете да послужите и мали колачиња со парчиња чоколадо или кекс.СОСТОЈКИ:
– 40мл ирско виски
– 80мл топло црно кафе
– 30мл слатка павлака
– 1 лажица кафеав шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: