Направете сами: Домашен СНИКЕРС

Слатко задоволство во кое ќе уживате вие и вашето семејство!Потребни состојки:
– 1 маргарин + 80 гр за глазурата- 300 гр шеќер- 100 гр чоколадо + 100 гр за глазурата- 3 јајца- 300 гр бисквити- 300 гр кикирики- 2-3 капки масло

Фил:
Во поголема чинија искршете  300 гр бисквити и додајте 300 гр мелени кикирики. Кикириките пред  да ги сомелете пропржете ги во тепсија додека не добијат малку заруменета боја.
Стопете го маргаринот, 300 гр шеќер, 100 гр чоколадо и додајте ги 3-те јајца. Сето тоа варете го и полека мешајте додека не добиете хомогена смеса и нормална густина.
Двете смеси соединете ги во една чинија и сипете ја измешаната смеса рамномерно во подмачкана тепсија.
Глазура:
Во едно подлабоко тенџере стопете 80 гр маргарин додека не зоврие. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и додајте 100 гр искршена чоколада и 2-3 капки масло. Мешајте додека чоколадото не се стопи.
Прелијте ја глазурата врз претходно ставената смеса во тепсија.
Оставете го колачот да се излади и зацврсти на собна температура, а потоа пресечете го на правоаголни коцки.Потребни состојки:
– 1 маргарин + 80 гр за глазурата- 300 гр шеќер- 100 гр чоколадо + 100 гр за глазурата

Пронајдете не на следниве мрежи: