Направете си МОХИТО за вашата домашна ЖУРКА!

Супер освежителен пијалок, со овој рецепт ќе можете да си приготвите мохито,  дома и изненадете ги вашите гости. Потребни состојки:
* 50 мл бел рум
* 2 лажички шеќер
* 1 зелен лимон
* 10 ливциња нане
* 7 коцки мраз
* 100 мл газирана вода
Подготовка:
Ставете ги во чашата ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња. Додајте го шеќерот и со помош на толчник започнете да ги гмечите состојките. Со тоа аромата од нането се меша со аромата од лимонот. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте го румот и газираната вода. Мешајте со сламка за да се раствори шеќерот. Можете да користите шеќерен сируп или шеќер во прав наместо обичен шеќер. За да направите шеќерен сируп загревајте вода и шеќер во однос 1:1 и мешајте додека шеќерот не се раствори. Некои употребуваат Спрајт наместо газирана вода. Украсете со парче зелен лимон..
Уживајте!Потребни состојки:
* 50 мл бел рум
* 2 лажички шеќер
*

Пронајдете не на следниве мрежи: