Направете си ТОБЛЕРОНЕ!

Кој може да одолее на превкусното тоблероне.Потребни состојки:
* 3 јајца
* 300 гр шеќер
* 125 гр маргарин
* 4 лажици какао
* 400 гр. мелени бисквити
* 100 гр сусам
* 2 раце сецкани ореви
Глазура:
* 4 лажици млеко
* 4 лажици какао
* 5 лажици шеќер
* 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Во сад за матење ставете ги јајцата и матете ги на најголема брзина со постепено додавање на шеќерот. Откако ќе ги изматите, постепено додајте го какаото. Во почеток матете на најбавно за да не се крева насекаде прав, а потоа зголемете ја брзината и матете се дури да добиете изедначена смеса во која сте сигурни дека не останале грутчиња какао.
Додајте го маргаринот, кој најдобро се мати ако е на собна температура. Продолжете со матењето и кога целосно ќе ја изедначите смесата може да почнете со додавање, најпрво на сусамот, па на оревите и на крај бисквитите. Во почеток матењето ќе ви оди лесно, но како се згуснува смесата, тоа ви станува се потешко, па на крај најдобро е да ја домесите целата смеса со рака.
Глазура
Во млекото ставете ги какото и шеќерот и растопете ги на умерен оган, мешајќи постојано. Внимавајте да не ви останат грутчиња. Инаку може да користите и готов чоколаден прелив или истиот да го спремите од растопено чоколадо за готвење.
Смесата може веднаш да ја обликувате во вид на триаголник. Впрочем и самото чоколадо Тоблероне е во таа форма,нели.
Глазурата може да ја нанесете веднаш, па потоа тоблеронето да го оладите или во фрижидер или во замрзнувач, доколку ви се брза. Исечете го на парчиња дебели 1 см. и секогаш послужувајте го ладно. Од оваа смеса сигурно ќе извадите 40-60 парчиња.
Уживајте!!!Потребни состојки:
* 3 јајца
* 300 гр шеќер
* 125 гр ма

Пронајдете не на следниве мрежи: