Направете си ЗДРАВО ДОМАШНО ЛЕПЧЕ!

Loading...

Сите ние го сакаме мирисот на свежо печен леб. Меѓутоа, брзото темпо на модерниот живот подготовката на домашно лепче го прави тешка задача, не е тоа?
Овој рецепт докажува дека тоа не мора да биде баш така!
 Ова е лесен рецепт за вкусен домашен селски леб. Она што го прави толку лесен за подготовка е тоа што не треба да се меси, само состојките се мешаат и се ставаат во рерна. Овој природен и здрав леб ќе биде одлична здрава замена за индустриски обработениот леб.
Потребни состојки:
* 2 чаши брашно
* 1 лажичка морска сол
* 1 чаша млака вода
* 1 лажичка шеќер
* 1 лажичка сув квасец
* 1 лажица путер стопен на собна температура
Начин на подготовка:
Во мал сад, додадете ги шеќерот во водата и почекајте да се растопи. Ставете го квасецот и оставете да отстои 10 минути додека смесата не стане пенлива. Во голем сад, промешајте ги заедно брашното и солта. Кога квасецот ќе стане пенест, додадете го брашното и мешајте додека смесата се соедини.
Покријте го садот со крпа или со пластична фолија и ставете го на топло место за да нарасне тестото најмалку еден час.
Загрејте ја рерната на 220 степени, и со четка во тавата премачкајте ја со путер. Избоцкајте го тестото со вилушка. Оставете го да нарасне уште 30 минути во близина на загреана рерна.
Лебот се пече 15 минути, а потоа се намалува температурата на 190 степени и се печете уште 15-17 минути. Извадете го од рерна и оставете го да се излади. Оставете го да отстои барем 10 минути пред сечење. Меѓутоа, брзото темпо на модерниот живот подготовката на домашно лепче го прави тешка задача, не е тоа?
Овој рецепт докажува дека тоа

loading...
Loading...