Верувале или не ако знаете како, сладоледот не мора да биде „сладок грев“ полн со калории, туку вкусно и здраво доживување за сите членови на семејствотоКога ќе започнат врелите денови надвор, малку луѓе успеваат да му се спротивстават на барем еден сладолед. Но, сладоледите во продавница и покрај тоа што здебелуваат се и скапи, и никогаш не можете да бидете сигурни дали тие се безбедни.
Затоа ова е рецепт за вкусен и лесен десерт кој ќе ве разлади.
Потребни состојки:
* 1 лажица слатка или кисела павлака
* 2 кајсии
* 2 праски
* 2 праски нектарини
* ½ банана
Начин на подготовка:
Овошјето ставете го три часа во фрижидер. Целта не е целосно да замрзне, туку да се зацврсти. Ако се случи да го заборавите, оставете го петнаесет минути на собна температура малку да „одмрзне“.
Исецкајте го овошјето, и ставете го во блендер, додадете ја павлаката и измешајте. Како декорација, можете да додадете на малини, боровинки, капини и други плодови или парчиња овошје по избор.
Ставете го во чаши за сладолед и вратете го во замрзнувачот за убаво да се стегне, можете да го служите во топки.
Уживајте!Кога ќе започнат врелите денови надвор, малку луѓе успеваат да му се спротивстават на барем еден сладолед. Но, сладоледите во продавни