Направете слатко турско задоволство: Баклава

Баклавата е популарно кулинарско искушение на кое едноставно не можете да му одолеете и од кое секогаш ќе посакате уште едно залаче.СОСТОЈКИ:
– 500гр кори за баклава
– 600гр ореви
– 1,5кг шеќер
– 1 пакетче ваникин шеќер
– 250гр маргарин
– 750мл вода

ПОДГОТОВКА:
1. Измелете 300 гр. ореви, а останатите исечкајте ги ситно.
2. Земете две кори и поставете ги една над друга. На едниот крај од корите по целата должина дарежливо ставете ореви, а потоа виткајте ги корите како ролат, започнувајќи од страната на која ги ставивте оревите.
3. Ролатот ставете го во плех и повторете ја истата постапка со сите останати кори.
4. Растопете ја коцката маргарин. Исечете ги корите на неколку делови (4 или 5) и потурете ги рамномерно со растопениот маргарин.
5. Во загреана рерна на 180°C ставете ја баклавата да се пече 30-40 минути, односно додека да добие златна боја. Извадете ја и оставете ја да се олади.
6. Во длабок сад за варење измешајте го шеќерот со 750 милилитри вода. Ставете го на тивок оган и откако ќе се растопи шеќерот, додајте го ванилиниот шеќер. Оставете го да врие точно 3 минути.
7. Тргнете го шербетот од оган и додајте половина филџан ладна вода. Оставете го малку да се излади. Важно е шербетот да биде топол, но не премногу жежок (Кога ќе го ставите прстот во него, да можете да ја трпите топлината).
8. Со добиениот шербет потурете ги изладените баклави и оставете ги да отстојат барем неколку часа за да го впијат шербетот. Баклавата секогаш се сервира на собна температура и не се чува во фрижидер.СОСТОЈКИ:
– 500гр кори за баклава
– 600гр ореви
– 1,5кг шеќер
– 1 пакетче ваникин шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: