Направете совршена лута пица

Доколку сте љубител на луто и пица, овие две комбинации можете да ги искомбинирате и да добиете лута пица. Се надеваме дека ќе уживате!
тесто
15гр свеж квасец
1/2лажиче сол
1/4лажиче шеќер
40гр стопен путер
100мл млеко
150мл кисела вода
400-450гр брашно
лут кечап, шампињони, 1 лута пиперка, кулен, кашкавал, оригано, печеница.

Прво се замесуваат состојките за тесто во една вангличка.Тестото нека биде намеко замесено.Се остава да кисни 1 час.Потоа се размесува, се дели на 3-4 топки, се во зависност колку сакате да е дебела и голема пицата.Јас го поделеив на 4 дела, бидејќи сакам танка пица.Во загреано тавче се става расуканото тесто, се премачкува со лут кечап, се наросува со оригано, се реди со шампињони, печеница, па кашкавал, парчиња лута пиперка и кулен.Одма оди на печење во релна околу 7-8 минути на 230 степени.Секако остатокот од тесто може да биде направено по ваш вкус со избрани состојки.
тесто
15гр свеж квасец
1/2лажиче сол
1/4лажиче шеќер
40гр стопен путер

Пронајдете не на следниве мрежи: