Направете вкусен ЗАЗИКИ СОС

Доколку сакате да направите вкусен, лесен и едноставен сос, ви го препорачуваме Зазики сосот.Зазики сосот е популарен во грчката кујна, кој со неверојатна брзина стекнува обожаватели и кај нас. Сосот навистина е вкусен, има одличен освежувачки вкус и пикантна арома. Може да се послужи како посебно јадење или како сос за месо, компир или зеленчук. Едноставно можете да го јадете и со леб!
СОСТОЈКИ:
1 краставица
250мл густ јогурт
2 чешниња лук
1 кафена лажица маслиново масло
1 кафена лажица сок од лимон
20гр магдонос
Сол и бибер по вкус

 ПОДГОТОВКА:
– Измијте ја краставицата, излупете ја и ситно изрендајте ја.
– За сосот да не биде премногу течен, задолжително исцедете ја краставицата.
– Ситно исецкајте го лукот.
– Магдоносот најпрвин измијте го и оставете нека се исуши. Потоа исецкајте го и се заедно промешајте.
– Додајте го јогуртот, маслиновото масло и сокот од лимон. Посолете и ставете бибер по ваша желба.
– Пред да го послужите на трпезата, оладете го во фрижидер.
Пријатен апетит!Зазики сосот е популарен во грчката кујна, кој со неверојатна брзина стекнува обожаватели и кај нас. Сосот навистина е вкусен, има одличен освежува

Пронајдете не на следниве мрежи: