Направете вкусни макарони со туна

Направете макарони со туна на брз и едноставен начин. Се надеваме дека ќе ви се допадне!СОСТОЈКИ:
250гр макарони
малку сол
1 лажица путер
1 лажица брашно
1/2 чаша битолско трајно млеко
3 јајца
кромид по желба
1/2 лажичка црвен пипер
сок од цеден лимон
250гр конзервирана туна
1/4 БиМилк Ајдамер (рендан)
магдонос
пармезан

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180°C.
Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на кесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го Битолското трајно млеко, постојано мешајќи додека не се згусне.
Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот Ајдамер.
Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
Печете во рерна околу 20 минути.
Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.
СОСТОЈКИ:
250гр макарони
малку сол
1 лажица путер
1 лажица брашно
1/2 чаша битолско трајно

Пронајдете не на следниве мрежи: