Народни верувања за Митровден: Еве што денес НИКАКО НЕ СМЕЕ да се прави!

Македонската православна црква денеска го одбележува денот на Свети Димитриј Солунски, празник кој е познат како Митровден.Митровден е напишан со црвени букви во календарот, но денес постењето не е обврзно.
Народниот обичај наложува денес да се остане дома. Се верува дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.
Постои и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор.
Се смета дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.
За Митровден се верува дека ќе се претскаже каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека ќе се задржи сѐ до април.
Во некои делови постои и верување дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.Митровден е напишан со црвени букви во календарот, но денес постењето не е обврзно.
Народниот обичај наложува денес да се остане дома. Се в

Пронајдете не на следниве мрежи: