НАРОДНИ ВЕРУВАЊА за новогодишната ноќ: Ритуали за љубов и пари!

Без оглед дали себеси се сметате за суеверна личност, некои мали ритуали би можеле да ги испочитувате за Нова Година.Најчестите верувања кога станува збор за правилата на однесување кои важат дента, како и првиот ден од новата година (31. декември и 1. јануари), а за кои се верува дека во наредната година ќе донесат среќа се:
Новогодишна вечера
Кога празничната трпеза е во прашање, според верувањата на некои култури ако подготвувате јадење од месо пожелно е тоа да биде месо од животни кои немаат крилја (значи без пилешко и мисиркино месо). Според одредени народни верувања, со тоа обезбедувате благосостојбата да остане во вашиот дома, односно да не „одлета“ од вашата маса.
Работна година
Направете некоја симболична работа првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако на подарок добивте роковник, запишете го датумот, неколку зборови… задржете го вниманието, размислувајте за работа барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на годината ќе имате доволно работа и дека со волја ќе ја извршувате.
Бакнежи за среќа
На полноќ споделете бакнежи со блиските личности. Тоа се смета за потврда дека и во претстојната година вашата љубов и блискост ќе траат.
Односи со другите
Сличен обичај важи и за Божиќ. Важно е и кој по полноќ, односно на 1. јануари прв ќе влезе во вашиот дом. Ова е важно, затоа што се смета дека таа личност значајно ќе влијае на вашиот живот во наредната година.

Црвено за среќа
Општо е познато дека во пресрет на Новата година треба да се облече нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да се носи долна облека во црвена боја.
Постојат неколку верувања кои се однесуваат на тоа што не би требало да се прави во текот на овие два дена:
Дури иако не сте љубител на смс пораки, телефонирање, праќање мејлови… не пропуштајте да им ја честитате Новата година на драгите луѓе, како и да одговорите на честитките.
Со тоа симболично ја јакнете врската со луѓето, развивате чувство на топлина и пријателства.
Не позајмувајте пари
На самиот почеток од годината, избегнете да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно дека нема да имате доволно пари.
Ова верување сигурно се поклопува со досегашната пракса, а тоа е дека на 1. јануари не би требало ништо да се изнесува од домот. Иако сите сакаме да разменуваме колачи, разни јадења кои се подготвени за новогодишната ноќ, според верувањето ова не би требало да се прави.
Добар знак е да се почестат гостите, но при посета на други луѓе не носете ништо од јадење. За тоа причекајте до 2. јануари.
Не перете ја облеката на 1. јануари
Ова е неприфатливо во некои култури. Имено, се смета дека перењето треба да се сведе на најмала можна мерка, бидејќи би можело лошо да влијае врз здравјето на луѓето коишто живеат под ист покрив наредната година.
Исто така, обидете се да бидете внимателни со садовите и кршливите предмети, бидејќи кршењето на истите се смета за привикување на несреќа.
Доколку дува јужен ветер – наредната година е добра и богата.
Познати се и неколку вкоренети верувања кои се однесуваат на временските услови во текот на тие 2 дена.
Доколку дува северн ветер – тоа е знак дека целата година ќе биде ладна и со лошо време.
Доколку 1. јануари е ведар и сончев ден без ветер, тоа е знак дека нѐ очекува весела и богата година.
За среќа со пари
Мал ритуал – ставете пари во секој паричник што го имате дома. Тоа е знак дека наредната година ќе тече во благостојба. За среќа со парите, важи верувањето дека добар знак ќе влезе во новата година без долгови и неплатени сметки.
Раѓање
Бебињата родени на 1. јануари се сметаат за „деца на среќата“.Најчестите верувања кога станува збор за правилата на однесување кои важат дента, како и првиот ден од новата година (31. декември и 1. јануари), а

Пронајдете не на следниве мрежи: