НАРОДНИ ВЕРУВАЊА за Преображение: Еве што треба, а што не смеете да правите денес!

На Преображение и небото, во глувото доба на ноќта три пати се преобразува. Кој ќе го види тоа и ќе му го обелодени на друг, се верува дека ќе го изгуби разумот.Преображение Господово е еден од осумте големи Христијански празници, кога според народнит верувања во зори почнува да се преобразуваат и горите и водата, најавувајќи скора есен.
На Преображение се преобразува и листот во планините, а водата станува поладна, па не е добра за капење.
Кај луѓето на Преображение се случуваат промени – кој поцрнел преку летото, почнува да белее.
На Преображение и небото, во глувото доба на ноќта три пати се преобразува. Кој ќе го види тоа и ќе му го обелодени на друг, се верува дека ќе го изгуби разумот.
Според распространетото верување, на Преображение не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој ќе преспие на овој ден, ќе се преобрази и цела година ќе биде поспан.
Не е добро некој на овој ден да плаче, ниту пак е добро луѓето цел ден да го поминат во кафеана – за да не им премине во навика и да не станат безделничари и расипикуќи.

На Преображение постои обичај никој да не мрси, порано сите жени постеле на овој ден.
Некаде се постело и поради дивите ѕверови. Имало обичај овој ден да се јадат риби и ракови.
Секаде било обичај грозјето за прв пат да се вкуси на Преображение….

 

Во некои краеви на Преображение се берат лешници и преку целата година се чуваат за лек, кога некој ќе го заболи уво. Се верувало дека кога на болниот ќе му се дадат лешниците набрани на Преображение тој ќе оздрави.
Во некои села цветот на сончогледот, прободен со куршум, го чувале за лек од главоболка.
Во некои други места пак на Преображение жените и децата се врзувале со црвен конец околу вратот или на капата закачувале десна шепа од крт – за да ги чува од уроци.
На Преображение постоел обичај жените и девојките да стануваат пред да изгрее сонцето и по малку да поработат од секоја од женските работи, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни, а после не работат ништо цел божји ден.Преображение Господово е еден од осумте големи Христијански празници, кога според народнит верувања во зори почнува да се преобразуваат и горите и

Пронајдете не на следниве мрежи: