НАРОДНО ВЕРУВАЊЕ: Вечерва на полноќ погледнете кон небото и посакајте си желба!

Според верувањето, Богојавление – јавувањето или објава на Бога, се случува во глувото доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето.Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост. За некои од нив Македонската православна црква вели дека се пагански. Меѓутоа, сите го издржале тестот на времето и опстојуваат и денес, пишува Вечер.
Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна … и имајте малку вера!
Тоа не може да боли!
Бог се јави
Ако вечерва на полноќ, го отворите прозорецот и погледнете во небото, најверојатно, ќе забележите дека барем некои од вашите соседи го прават истото. Ова не треба да ве изненади, бидејќи е прастар обичај!
Денеска е Водокрст, голем христијански празник и првиот по Божиќ кога се пости. Порано на овој ден се изведувале голем број на обреди и обичаи, но денес повеќето од нив се префрлија на Богојавление.

Сепак, главната работа се случува вечерва!
Штом сонцето почне да заоѓа, христијаните почнаат да се поздравуваат со поздравот „Бог се јави!“ воочи празникот. На ова се одговара „Навистина се јави!“, и особено е важно да останете будни до полноќ.
Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, во време кога небото се отвора и „Бог се појавува.“
Според верувањето, Богојавление – јавувањето или објава на Бога, се случува во глувото доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето. Во овој момент, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ЗА ВОДОКРСТ: Еве што денес би требало да направите во својот дом!Се разбира, постојат и луѓе кои мислат дека сите овие традиции само се суеверие и глупост. За некои од нив Македонската православна црква вели дека

Пронајдете не на следниве мрежи: