Нас НАТО нè спречува да влеземе во Алијансата, не Грција

Македонија ќе добие членство во НАТО откако ќе се реши спорот со името, ова е заклучокот од дводневниот самит на НАТО во врска со нашите аспирации за членство во алијансата.ТВ Нова на оваа тема зборуваше со поранешниот амбасадор Ристо Никовски кој истакна дека заклучокот ги исполни очекувањата.
„Ваквиот исказ е точно во рамките на очекувањата. Со повторувањето на оваа бесмислена реченица тие си ја перат совеста. Да не заборавиме дека НАТО нас не спречува да влеземе во алијансата – односно Вашингтон и Брисел, а не Грција, бидејќи тие ни поставија уцена, блокада и ултиматум – прво името потоа членство. Меѓудрогото тоа е непристојна понуда зашто ние треба да се прекрстиме за да влеземе некаде. Кој нормален тоа ќе го прифати?“,  вели Никовски.
Тој додаде дека додека не прифатиме да се разнебитиме како народ, нема влез за нас.
„Треба постојано да повторуваме дека Македонија нема историска потреба да го менува своето име и да го разнебитува својот народ“, апелира поранешниот амбасадор.
Во врска со барањата на алијансата за решавање на политичката криза во Македонија, Никовски истакна дека кризата е креирана токму од нив.
„Треба да констатираме дека оваа криза одлично им легна. Таа е креирана од надвор, имаме ние свои придонеси, меѓутоа основата е нивна. Сега тие поставуваат дополнителни услови. Кризата има одредена цел, а тоа е да не доведе до капитулација и да го промениме името. Алијансата се врти во маѓепсан круг против нас и се се сведува на ултиматумот и уцената. За Македонци во алијансата нема место“, заклучува Никовски.ТВ Нова на оваа тема зборуваше со поранешниот амбасадор Ристо Никовски кој истакна дека заклучокот ги исполни очекувањата.
„Ваквиот и

Пронајдете не на следниве мрежи: