НАСА крие злобна тајна за вселенските истражувања повеќе од 40 години!

Летовите во бестежинска состојба го скратуваат животот, астронаутите масовно умираат од подмолни болести.Американските астронаути ,кои единствено летаа надвор од Земјината магнетосфера, умираат од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем предизвикани од радијација, соопштија истражувачите. 
Оваа статистика ја зголемува загриженоста во врска со идеите за патувања на Месечината, Марс или подалеку, за кои е предвидено да се нудат од вселенски агенции и приватни компании.
„Знаеме многу малку за влијанието на длабоката вселенска радијација врз човековото здравје, особено врз кардиоваскуларниот систем“ – истакна Мајкл Делпи од Универзитетот во Флорида.
Од седум веќе починати астронаути коишто летале со бродот „Аполо“, тројца (43%) страдале од кардиоваскуларни болести – група болести, која вклучува инфаркт, мозочна аневризма и мозочен удар.
Тоа е 4-5 пати повеќе отколку кај астронаутите кои тренирале, но не летале (9%), и од оние кои биле на Меѓународната вселенска станица и биле поблиску до орбитата околу 11%. Заклучоците беа објавени во списанието „Scientific Reports“.
Програмата на НАСА „Аполо“, испрати во вселената екипаж од 11 члена меѓу 1968 и 1972 година. Од вкупно 24 мажи коишто летале надвор од Земјината орбита, веќе починале 8. Осмиот – Едгар Мичел, почина оваа година по завршувањето на истражувањето и не е вклучен во него.
Магнетосфера – магнетен „балон“, ги штити Земјата и нејзините жители. Астронаутите на „Аполо“ биле изложени на невидени нивоа на радијација од енергични честички, истакнува студијата. 
Овие честички од галактичката радијација се опасни за човекот, бидејќи поминуваат низ кожата и ги оштетуваат клетките или самата ДНК, сметаат во НАСА.
Агенцијата планира да испрати екипаж кон Марс околу 2030 година и вели дека создавањето на антирадијациски штит ќе биде од клучно значење за време на патувањето и при истражувањето на површината на планетата.Американските астронаути ,кои единствено летаа надвор од Земјината магнетосфера, умираат од болести на срцето и кардиоваскуларниот систем предизвик

Пронајдете не на следниве мрежи: