НАСА откри портали во магнетното поле на Земјата

Ѕвездените порти, црните дупки и порталите отсекогаш биле предмет од интерес на теоретичарите на заговор и теоретските физичари, но сето тоа доаѓа при крај како што се повеќе ја сфаќаме нашата природа и реалност.

Во физиката, „црвјата дупка“ е дел од времето и просторот преку кој за многу кратко време може да се отпатува до друга точка во вселената, колку и да е далеку тоа. Иако научниците се уште не ја разјасниле оваа појава, се смета дека тоа може да отвори многу можности.
Неодамна НАСА отиде чекор подалеку во оваа област. Тие излегоа со соопштение дека откриле портали во магнетното поле на Земјата. Ги нарекуваат Икс-точки. Станува збор за места од каде магнетното поле на Земјата с еповрзува со тоа на Сонцето во долги непрекинати траектории, земајќи предвид дека Земјата е оддалечена од Сонцето околу 150 милиони километри.

При истражувањата на порталите, од НАСА откриле дека тие се отвораат и затвораат по 10тина пати во денот. Ова го прави интересен фактот што во многу митологии се верувало дека боговите го користеле Сонцето како портал за премин од својот во нашиот свет.
Овие портали значително го засилуваат пренесувањето на магнетизирани честици од Сонцето кон Земјата, кои се одговорни за Аурорите во студените предели, но и за многу бури на целата планета. НАСА најави дека ќе започне нова мисија и ќе испрати летала да ги истражуваат овие портали. Ќе идат лансирани 4 летала кои ќе кружат околу Земјата, ќе ги пронаоѓаат и истражуваат порталите.
НАСА го финансире Универзитетот во Ајова за ова истражување, но од таму се уште немаат одговор за порталите. Се уште ги истражуваат магнетизираните честици и магнетното поле на Земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.