НАСКОРО ВО ПРОДАЖБА: Патики кои сами го знаат патот!

Една индиска фирма вети дека ќе создаде нови “паметни” патики, опремени со GPS уред, кои со помош на вибрации ќе даваат упатство каде да се движите.Црвените патики, кои ќе ги бројат чекорите, оддалеченоста и бројот на калории, под името “LeChal”, што на хинду јазикот значи: “поведи ме со тебе”, ќе се најдат во продажба од следниот месец.
Овие патики се изум на инженерите Криспијан Лоренс и Анирут Шарм, кои својата фирма “Decere” ја основаа во мал стан во 2011 година, а со поддршка на инвеститори денес имаат 50 вработени.
“Добивме идеја и сфативме дека тоа би им помогнало на луѓето со слаб вид” – изјави Лоренс и додаде дека и самите ги искусиле и помислиле “па чекај, па и ние мораме да ги имаме овие патики”.

“Замислете некој ве држи за рамо и ве насочува, вашето тело природно реагира и се движи лево или десно, а тоа е начинот на кој функционираат овие патики”.
Веќе  имаат 25 000 порачки, чија цена се движи од 100 до 150 долари.  Досега продаваа преку препораки и преку веб-страницата, а моментално се во преговори со компании од Индија и САД, пренесува АПФ. Црвените патики, кои ќе ги бројат чекорите, оддалеченоста и бројот на калории, под името “LeChal”, што на хинду јазикот значи: “п

Пронајдете не на следниве мрежи: