Натпревар во бизнис иновативни идеи на општина Гази Баба

Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2016 година, општина Гази Баба објави Јавен Повик за натпревар во бизнис иновативни идеи- студија на случај, за организација на манифестација, работилница, проект или настан кои опфаќаат различни теми поврзани со бизнис, култура, туризам, гастрономија, спорт, музика и слично, што би се одржал на територијата на општината во текот на наредната година.Во бизнис салата на Скопскиот Саем се одржа презентација и избор на најдобри иновативни бизнис идеи, каде учествуваа повеќе предлог-проекти.
Сите учесници добија благодарници, а најдобриот проект ќе добие поддршка од институциите и општината за неговата реализиција.
Петчлена комисија составена од: претставник од општина Гази Баба- Сашо Трајков, раководител на секторот за ЛЕР &ИКР, членови од Бизнис Клубот на општина Гази Баба- Славе Андев од компанијата „Кенди“ и Ѓоко Петровски од компанијата „Турбоинженеринг“, доц. д-р Дејан Методијески од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Факултет за туризам и бизнис логистика и проф.д-р Милена Талеска од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Природно- математички факултет,Институт за географија, одлучи за најдобрите кои добија сертификати и парични награди, во вкупна вредност од 300.000 денари:
1 награда- “Вкуси ја Гази Баба” 2 награда- “Drive in Кино” 3 награда- Манифестација “Етно храна, пијалок и ракотворби” од мали македонски претпријатија
Градоначалникот Тони Трајковски во своето обраќање изјави дека општина Гази Баба ќе продолжи во ваква насока со поддршка на проекти од ваков тип, кои овозможуваат мотивација на студентите, младите и сите жители на општината кои имаат добри идеи за започнување на сопствен бизнис ,се со цел да се придонесе креативните идеи да се реализираат и да се развиваат.Во бизнис салата на Скопскиот Саем се одржа презентација и избор на најдобри иновативни бизнис идеи, каде учествуваа повеќе предлог-проекти.

Пронајдете не на следниве мрежи: