Научниците се изјаснија која е суперхраната на иднината и НЕМА ДА ВИ СЕ ДОПАДНЕ!

Интернационален тим на научници штотуку открија кристал на протеинот лоциран во утробата на бубашвабата.Причината е дека тој е 4 пати похранлив од млекото на кравата, и истражувачите веруваат дека тој може да е клучот за хранењето на растечката светска популација во иднината.
Иако бубашвабите не произведуваат млеко, видот Diploptera punctate е единствениот вид што ги раѓа младенчињата, и произведува одреден вид на „млеко“ што содржи протеински кристали за да ги нахрани младите.
Фактот дека еден инсект има млеко е фасцинантен, но она што е уште пофасцинантно е дека еден ваков кристал содржи 4 пати повеќе енергија од неговиот еквивалент од млеко од бивол, што е најмоќното млеко што до сега го имавме.
Очигледно, молзење на бубашвабите и не е најпогодната опција, па затоа интернационален тим на научници воден од истражувачи од Институтот за регенеративна медицина и биологија на клетките во Индија одлучи да ги издвои гените што се одговорни за создавање на млечните протеински кристали и да видат дали некако можат да ги создадат во лабораторија.
„Овие кристали се како комплетна исхрана: имаат протеини, масти и шеќери. Ако ги погледнете, ги имаат сите основни аминокиселини“, изјавува Санчари Банерџи, истражувач од тимот.
Не само што млекото е густ извор на калории и хранливи состојки, туку се ослободува и на време. Како што се вари во организмот, ослободува уште повеќе протеини во сооднос со степенот на варењето.
Овој извор на протеини сепак не е за оние што се обидуваат да ослабнат, бидејќи и без тоа јадеме премногу калории во текот на денот.
Но, за оние што се мачат да го внесат макар минималниот број на дневен внес на калории, ова е брз и лесен начин да се прехранат.
Сега научниците се обидуваат да создадат квасец за да произведат големи количини од протеинот и да го направат уште поефикасен, но и помалку одвратен од екстрактот од утроба на бубашваба.
Кому му треба соја кога имаме млеко од бубашваби?
…Да, ни ние не сме целосно убедени. Но, ако помогне да го намали проблемот со светскиот глад, ќе мораме да го прифатиме.Причината е дека тој е 4 пати похранлив од млекото на кравата, и истражувачите веруваат дека тој може да е клучот за хранењето на растечката светск

Пронајдете не на следниве мрежи: