НБА: Победи на Оклахома и Мајами, нов пораз на ЛА Клиперс

Водечките екипи во Источната и Западната конференција, Мајами односно Оклахома забележаа победи во натпреварите кои во НБА лигата се одиграа во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот.
За разлика од Мајами и Оклахома, ЛА Клиперси без Крис Пол се сосема друг тим, од како поради повреда не игра стартниот плејмејкер Клиперси имаат скор 2-6. 

Леброн Џејмс, со речиси перфектен учинок, имаше само едно промашување од поле (1/3/14), го предводеше Мајами до победа против Шарлот со 99:94. Леброн постигна 31 поен, а во чекор го следеа Бош со 23 и Вејд со 20 поени. Оклахома го декласира Далас со 121:91, Расел Вестрбрук постигна 23, а Кевин Дурент имаше учинок од 19 поени и 10 скокови. Кај Далас најефикасен беше Шон Мерион со 23 поени. ЛА Клиперси загубија во Вашингтон со 90:98, Мартел Вебстерс со 23 поени ги предводеше Визардси, додека кај Клиперси најдобар беше Џамал Крафорд со 28 поени. „Ова многу ме нервира, рушиме се што изградивме досега“, изјавил тренерот на ЛА Клиперс,  Вини дел Негро. Њујорк Никс запиша лесна победа над Детроит со 98:85, Кармело Ентони со 27 поени го предводеше тимот до петтата победа во низа.  Резултати:Филаделфија-Орландо 78:61Вашингтон-ЛА Клиперс 98:90Индијана-Чикаго 111:101Њујорк-Детроит 98:85Мајами=Шарлот 99:94Оклахома-Далас 121:91Минесота-Портланд 100:98Јута-Сакраменто 98:91
 
Mакфакс
Водечките екипи во Источната и Западната конференција, Мајами односно Оклахома забележаа победи во натпреварите кои в

Пронајдете не на следниве мрежи: