НБА: Победи во дерби средбите за Мајами, Оклахома, Лејкерси

Девет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, а во дерби натпреварите победи забележаа екипите на Мајами, Оклахома и ЛА Лејкерс.

Актуелниот првак Мајами победи во Њујорк со 99:93, откако во второто полувреме надополни негатива од 14 поени. Мајами ја продолжи серијата на победи, бранителите на трофејот имаат 14 триумфи во низа. Леброн Џејмс со 29 поени, 11 скокови и седум асистенции, односно Двејн Вејд со 20 поени и по осум скока и асистенции го предводеа Мајами до победата. Кармело Ентони со 32 поени, од кои 24 постигна во првото полувреме, беше најефикасниот играч на Њујорк. Коби Брајант на Лејкерси им ја донесе победа над Атланта со 99:98. Коби мечот го заврши со 34 поени, вклучувајќи ги и последните два на девет секунди до крајот на мечот, со кои го реши победникот. Екипата од ЛА со оваа победа дојде до 50 процентна успешност на победи и порази. Оклахома во Лос Анѓелес го доби дербито со Клиперси со 108:104, најмногу благодарение на својата прва ѕвезда, Кевин Дурент кој постигна 35 поени. Покрај Дурент, одличен меч одигра и Расел Вестбрук (29 поени, 10 асистенции и 6 скока). Крис Пол ги предводеше Клиперси со 26 поени, осум асистенции и шест скока. Сан Антонио и без Тони Паркер, кој поради повреда ќе паузира еден месец, го декласира Детроит со 114:75. Ветераните Тим Данкан и Ману Џинобили ги предводеа Спарси до победата – Данкан имаше учинок од 16 поени, 11 скокови, шест асистенции и пет блокади, а Џинобили заврши со 17 поени. Индијана во дербито на истокот го порази Чикаго со 97:92. Дејвид Вест постигна 31, а Џорџ Хил 21 поен во победата на Пејсерси. Марко Белинели и Џими Батлер со по 20 поени беа најефикасни кај Чикаго. Резултати:Вашингтон-Филадефија 90:87Орландо-Мемфис 82:108Хјустон-Далас 136:103Сакраменто-Шарлот 119:83.
Макфакс
Девет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, а во дерби

Пронајдете не на следниве мрежи: